Connect with us

Регион

Полицијата се почесто открива случаи на трговија и производство на дрога во Југоисточниот регион

Avatar

Published

на

Полицијата се почесто открива случаи на трговија и производство на дрога во Југоисточниот регион. Речиси секојдневно во полициските билтени стои дека се поднесуваат кривични пријави за оние кои се откриени.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Ѓ.(43) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 02 април на наплатна рампа Миладиновци, полициски службеници запреле патничко возило во кое пријавениот бил сопатник и при преглед кај него бил пронајден и одземен хероин.

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето М.М.(22) од Богданци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Имено на 15 октомври 2020 година, полициски службеници извршиле претрес на дом и помошни простории на пријавениот во Богданци, при што пронашле и одзеле марихуана, семки од растението канабис и тетрахидтоканабинол.

Регион

82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш

Avatar

Published

на

82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш, биле констатирани при спроведената акција на СВР Струмица во текот на вчерашниот ден.

Имено во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 82 прекршувања на брзината, од кои 40 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Струмица, 15 во Валандово и 10 на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Регион

При спроведена контрола на СВР Струмица биле констатирани 85 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 18.02.2024 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 85 пречекорувања на брзината, од кои 32 на подрачје на Струмица, 27 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Валандово. Од нив, 65 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 20 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе