Connect with us

Регион

Според последните податоци во регионот се евидентирани 104 нови случаи на Ковид -19, во Радовиш 17

Avatar

Published

на

Бројот на нови случаи со корона вирус постојано расте. Според вчерашниот извештај се направени 4.555 тестирања, а регистрирани се 1.259 нови случаи.

 Во Радовиш  вчера беа регистрирани високи  17  нови случаи позитивни на Ковид -19. Во Струмица најмногу во Југоистокот 48,  во Гевгелија 28,

 Валандово 14  и Богданци  4. Или вкупно во регионот 104 нови случаи.

Во текот на вчерашниот ден починаа вкупно 45пациенти, двајца од Струмица и двајца од Гевгелија.

Регистрирани се и оздравени пациенти од: -Струмица 27, -Гевгелија 14, -Радовиш 11, -Валандово по 6 и – Богданци 1.

Досега во земјата се направени вкупно 647.559 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во  земјата од почетокот на епидемијата изнесува 136.426, бројката на оздравени пациенти е 111.139, на починати е 4.022, а бројот на активни случаи изнесува 21.265.

Од понеделник започна вакцинацијата на граѓаните во спортскиот центар во Скопје според приоритетни категории. А во тек е и вакцинацијата на постари од 77 години во здравствените пунктови во земјата. Од вчера стартуваа и новите рестриктивни мерки со цел да се спречи ширењето на вирусот.  Затворени се фитнес салите, спортските и салите за вежбање, а забрането е и организирање, одржување и учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции.

Од денеска угостителските објекти се затворени за гости и можат да вршат само достава на храна или продавање преку шалтер. Исклучок од ова се угостителските објекти на аеродромот во Скопје, како и угостителските објекти во сместувачките капацитети.

Се затвораат и обложувалниците, кои ќе смеат да работат само преку пулт. Полицискиот час од вчера почнува во 20 часот, наместо во 22, и трае до 5 часот наутро.

Регион

При спроведена контрола на СВР Струмица биле констатирани 85 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 18.02.2024 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 85 пречекорувања на брзината, од кои 32 на подрачје на Струмица, 27 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Валандово. Од нив, 65 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 20 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Регион

Извршена контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица, во еден угостителски објект имало присуство на малолетници после 24.00 часот

Avatar

Published

на

На 20/21.01.2024, во времето од 23.00 до 04.00 часот, од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со инспектори од Државен пазарен инспекторат Скопје била извршена контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство малолетници после 24.00 часот, а во шест угостителски објекти биле констатирани прекршоци по Законот за инспекциски надвор. За констатираните прекршоци ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Прочитај повеќе

Регион

Во спроведена контрола на подрачјето на СВР Струмица биле констатирани 68 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 21.01.2024 во периодот од 14.00 до 16.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 68 пречекорувања на брзината, од кои 34 на подрачје на Радовиш, 16 на подрачје на Валандово, 13 на подрачје на Струмица и 5 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 43 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 25 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе