Радовиш
Елвин Хасан- Поранешен Министер за странски инвестиции, со демант на вчерашната изјава на градоначалникот
Објавено на
Од
Media Press
Д-р Елвин Хасан поранешен Министер за странски инвестиции во Владата на Република Македонија со демант на вчерашната изјава на Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, во која беше спомнат.
„Во вчерашната изјава сум прозван од страна на градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, со име и презиме и место на живеење с.Подареш, на кое сум горд! Јас во моето политичко дејствување во изминатиов период немам никаков “дил” или бизнис интерес со градоначалникот, за какво „прашање зборува кое би требало да се реши на повисоко ниво“ не можам ниту да разберам ниту да се начудам. Ние имаме позитивни законски прописи и во таа насока јас сум згрижен и немам никаков проблем или прашање“ вели Хасан во својот демант.
Тој додава дека во 2017 година на локалните избори заедно работеле, имале заедничките посети на терен со градоначалникот и сегашните советници од владејачкото мнозинство.
„ Јас имам чист образ и никогаш немам делувано поинаку, секогаш барањата на мојата политичка партија ТХП биле во интерес и во согласност со барањата на граѓаните“ вели меѓу другото Елвин Хасан во својот демант.
Поврзани содржини

Градоначалникот на Општина Радовиш со ДЕМАНТ во кој категорично ја отфрла содржината на соопштението на Општинската оранизација на ПДТ

Директорката на Здравствен Дом- Струмица Љубица Митева, со демант на одржаната прес конференција на пратеничката Ели Панова

Државниот инспекторат за земјоделство со демант на изјавата на Трипуновски во врска со откупот на зелка

ЈП„ПЛАВАЈА“ со демант за квалитетот на водата

Општина Радовиш и градоначалникот Герасим Конзулов со демант

МЗШВ остро ги демантира информациите изнесени од страна на дополнителниот заменик-министер Цветан Трипуновски
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

