Connect with us

Земјоделие

МЗШВ остро ги демантира информациите изнесени од страна на дополнителниот заменик-министер Цветан Трипуновски

Avatar

Published

на

Министерството за за земјоделство, шумарство и водостопанство остро ги демантира информациите изнесени од страна на дополнителниот заменик-министер Цветан Трипуновски, на дел од порталите и социјалните мрежи дека:

Само 160.000 евра за поддршка и потикнување на земјоделско производство…..во 2020 година грант од 20.000 евра ќе може да добијат само 8 земјоделци“. Трипуновски како поранешен вработен во МЗШВ, треба да знае дека Програмата за рурален развој е програма којашто опфаќа и мерки кои предвидуваат и инвестиции, и од тие причини во текот на годината се врши реалокација на финансиски средства за оваа Програма.

Вистината е следна: Откако ќе заврши рокот за поднесување на барања за мерката „Поддршка за поттикнување на земјоделско стопанство“, односно после 10-ти март годинава и откако ќе се спроведе законската евалуација на сите притигнати апликации, ќе се добие точна слика за побараната сума и планираните инвестиции на подносителите на барања. Потребната сума за исплата на сите што ќе ги исполнат условите ќе биде обезбедена. МЗШВ и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги уверува земјоделците, дека секој млад земјоделец од 18 до 40 години, којшто ќе ги исполни пропишаните критериуми во мерката, ќе добие неповратна финансиска поддршка до 20.000 евра.

Затоа ги повикуваме сите млади земјоделци, слободно да поднесуваат барања за неповратна финансиска поддршка до 20.000 евра и да не потпаѓаат под манипулациите на Трипуновски, којшто во трката за прибирање политички поени не бира средства, без при тоа да размислува дали нанесува штета на земјоделството, во случајот на младите земјоделци коишто имаат желба да се занимваат со земјоделство, се вели во демантот од МЗШВ.

Земјоделие

МЗШВ: Исплатена дополнителната државна помош од 20% за носители на земјоделски стопанства

Avatar

Published

на

58,9 милиони денари дополнителна поддршка исплатена кон 1.925  регистрирани земјоделци односно 20% дополнителна државна помош соопштува МЗШВ

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ја реализираше исплатата на дополнителната државна помош од 20% за носители на земјоделски стопанства, кои се регистрирани вршители на земјоделска дејност, согласно законот за вршење на земјоделска дејност, или регистрирани како индивидуални земјоделци, согласно законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Исплатени се 58,9 милиони денари дополнителна поддршка кон 1.925 регистрирани земјоделци.

Како корисници на дополнителната помош се јавуваат земјоделски стопанства корисници на директните плаќања и кои имаат пријавени соодветни површини и животни:

  • од минимум 5 до максимум 50 ха пријавена површина со поледелски култури со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал
  • од минимум 1 до максимум 5 ха пријавена површина со градинарски култури и со овошни насади
  • од минимум 1 до максимум 10 ха пријавена површина со лозови насади
  • од минимум 10 до максимум 50 грла говеда
  • од минимум 101 до максимум 500 грла овци
  • од минимум 50 до максимум 150 грла кози
  • од минимум 6 до максимум 50 грла – маторици
  • од минимум 50 до максимум 100 пчелни семејства

Прочитај повеќе

Земјоделие

До крајот на јуни може да се аплицира за субвенции за одржување на постоечки овошни насади

Avatar

Published

на

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади.

Како корисници на овие субвенции се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат минимум 0,2 ха одржлива површина со постоечки овошни насади збирно за следните овошни видови: јаболка, слива, праска, круша, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, малина, капина, боровинка, диња, мушмула, актинидија, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, аронија, шип, рибизла, гоџи бери, бадем, лешник, орев и питом костен и се регистрирани во Единствениот регистар за земјоделски стопанства.

Минимален број на овошки- садници по хектар прифатлив за секој овошен вид одделно е даден во табелата за минимален број на овошки-садници во Прилог 5, дел од  Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година. Висината на директните плаќања изнесува 12.000 денари по хектар.

Земјоделските стопанства можат да аплицираат и за дополнителна субвенција од подмерката 1.8. за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи, односно за подмерката 1.11.

Право на аплицирање за дополнителните плаќања имаат земјоделските стопанства, корисници од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година, за одржување на постоечки јаболкови насади и оствареното производство на јаболка за период од 15 септември 2022 до 15 мај 2023 година, кои го имаат предадено и го предаваат директно, или преку еден регистриран откупувач, кај регистрирани преработувачки капацитети, или кај регистриран откупувач, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи-овошје. Висината на доплнителните директни плаќања изнесува 3 денари по килограм.

МЗШВ ги потсетува земјоделските стопанства дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции за 2023 година за растително и сточарско производство е до 30 јуни 2023 година. Земјдоелците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција. 

Прочитај повеќе

Земјоделие

МЗШВ: Аплицирајте за субвенции по обработлива земјоделска површина за сите полјоделски култури, лековити, ароматични и зачински растенија

Avatar

Published

на

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања од програмата за 2023 година, по обработлива земјоделска површина за сите полјоделски култури, лековити, ароматични и зачински растенија, освен за тутун.

Како корисници на овие субвенции се јавуваат земјоделски стопанства кои во произведната 2022/2023 година имаат засеани и ожнеани површини со следните култури: пченица, јачмен, пченка, `рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак, суданска трева, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток), како и површини засеани или одржувани со луцерка, лековити, ароматични и зачински растенија.

Минималната засеана површина збирно за сите култури која земјоделските стопанства треба да ја имаат е 0,5 ха во произведната 2022/2023 година. Висината на директните плаќања кај оваа мерка за сите наведени култури изнасува 6.000 денари по хектар.

Земјоделските стопанства кои во произведната 2022/2023 имаат заесани и оженани површини од листата на знајачни култури пченица, јачмен, пченка, сончоглед и маслодајна репка и притоа имаат употребено сертифициаран семенски материјал остваруваат право на дополнителна субвенциија. Право на дополнителни субвенции имаат и стопанствата кој имаат засеани површини под ориз без употреба на сетрифициран семенски материјал.

Висината на дополнителната субвенција за пченица, јачмен и пченка изнесува 7.000 денари по хектар, со употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар, со исклучок на производството за био маса наменето за гасни биоцентарали каде дополнителна поддршка не се плаќа.

Кај сончогледот и маслодајната репка висината на дополнителните плаќања изнесува 4.500 денари по хектар со употреба на сертифииран семенски материјал. Додека пак за оризот висината на дополнителните плаќања изнесува 12.000 денари по хектар без употреба на сертифициран семенски материјал.

Крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции за 2023 година за растително и сточарско производство е до 30 јуни 2023 година. Земјдоелците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или преку електронски преку веб страната на Платежната Агенција. 

Прочитај повеќе