Connect with us

Радовиш

Градоначалникот на Општина Радовиш со ДЕМАНТ во кој категорично ја отфрла содржината на соопштението на Општинската оранизација на ПДТ

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, со цел за транспарентно и целосно информирање на јавноста по повод денешното соопштение на Општинската организација на Партијата за движење на Турците објавено на mediapress.mk го испраќа следниот ДЕМАНТ:  

„Градоначалникот на Општина Радовиш категорично ја отфрла содржината на соопштението на Општинската оранизација на ПДТ како невестинита и тенденциозна манипулација на јавноста.

Веќе подолго време, со цел да се наруши угледот на градоначалникот Герасим Конзулов, се прават обиди да се создаде проблем таму каде што реално го нема. Употребата на лични навреди и недолични квалификации само ја потврдуваат намерата на определени лица по секоја цена да иницираат конфлик со градоначалникот.

Во овој конткст, укажуваме дека ваквите обиди нема да поминат.

Градоначалникот останува посветен на решавањето на реалните проблеми кои ги засегаат сите граѓани и за тоа сведочат бројните проекти реализирани во градот и наслените места.

Ги повикуваме новинарите и сите релевантни структури да ги посетат турските села и да се уверат во вистината. Општината останува отворена за соработка“, стои во демантот од   Кабинетот на градоначалникот на Општина Радовиш, Герасим Конзулов.

Радовиш

Пријавила во полиција дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната

Avatar

Published

на

На 28.03.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Радовиш, Ф.К.(20) од Радовиш пријавила дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната од М.А. од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе