Радовиш
Работна средба на градоначалникот Конзулов со заменик министерот Хусејин: Поздравени се реализираните проекти во радовишките турски населени места
Објавено на
Од
Media PressГрадоначалникот на Општина Радовиш, Герасим Конзулов, оствари работна средба со заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин.
На состанокот се разговараше за состојбата во општината, тековните активности и унапредување на соработката со министерството во делот за апликација на проектни грантови.
Градоначалникот потенцира дека Општина Радовиш бележи напредок и работи на создавање услови за подобар животен стандард и рамномерен општински развој.

Заеднички е констатирано дека соработката со турската заедница е подигната на повисоко ниво и успешно се реализирани многу проекти од областа на инфраструктурата, во турските населени места.
Во таа насока е и новиот проект за изградба на водовод во селата Бучим и Тополница како и изградбата на локалниот пат Супурге-Прналија.
Градоначалнико Конзулов даде и свој коментар во однос на изјавата на пратеникот од Партијата за движење на турците Енис Ибраим.
„Тој воопшто не ме познава лично, ниту некогаш е разговарал со мене како со градоначалник и јавно го повикувам да избере едно турско населено место и заедно да го посетиме, и да видеме на кого турците во Општина Радовиш, ќе му дадат поддршка. Работите кои треба да си ги завршат на повисоко ниво, тие сакаат без немање проблем да створат проблем во Општина Радовиш, тоа нема да го дозволом“, истакна Конзулов.
Заменикот министер Енвер Хусејин, искажа балгодарност до градоначалникот за реализираните проекти и оцени дека со заеднички напори на локалната и централна власт во блиска иднина ќе се рализираат нови развојни проекти.
Хусеин упати апел до општинската администрација да подготват проекти и да аплицираат, а тој како земник министер ќе се потруди тие да бидат реализрани


Поврзани содржини

Јулија Тарабунова е новата претседателка на УЖ на ОК ВМРО- ДПМНЕ Радовиш

Во сабота започнува ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ!

Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, во напредна фаза на реализација
Територијалната противпожарна единица од Радовиш добива 4-ри нови пожарникари

Рудникот Бучим со СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА во насока на транспарентна комуникација со населението oд с. Тополница за проектот на браната

ЗПОРК – Радовиш со известување до пензионерите
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

