Connect with us

Радовиш

Елвин Хасан- Поранешен Министер за странски инвестиции, со демант на вчерашната изјава на градоначалникот

Media Press

Published

on

Д-р Елвин Хасан поранешен Министер за странски инвестиции во Владата на Република Македонија  со демант на вчерашната изјава на Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, во која беше спомнат.

„Во вчерашната изјава сум прозван од страна на градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, со име и презиме и место на живеење с.Подареш, на кое сум горд!  Јас во моето политичко дејствување во изминатиов период немам никаков “дил” или бизнис интерес со градоначалникот, за какво „прашање зборува кое би требало да се реши на повисоко ниво“ не можам ниту да разберам ниту да се начудам. Ние имаме позитивни законски прописи и во таа насока јас сум згрижен и немам никаков проблем или прашање“ вели Хасан во својот демант.

Тој додава дека во 2017 година на локалните избори заедно работеле, имале заедничките посети на терен со  градоначалникот и сегашните советници од владејачкото мнозинство.

„ Јас имам чист образ и никогаш немам делувано поинаку, секогаш барањата на мојата политичка партија ТХП биле во интерес и во согласност со барањата на граѓаните“ вели меѓу другото Елвин Хасан во својот демант.

Радовиш

Градоначалникот Конзулов со честитка за 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената

Media Press

Published

on

Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов со пригодна честитка им го честита 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената.

„Родовата рамноправност е фундаментално човеково право со кое се зголемува општествената кохезија и благосостојба. Ве охрабрувам да останете посветени на политиките за рамноправност и зајакнување на родовата еднаквост во сите сфери на живеење.“ – стои во честитката

Воедно, тој им се заблагодарува што посветено работат за развојот на локалната заедница и општина и им посакува добро здравје и успех на секое поле.

Continue Reading

Радовиш

Во недела наутро ЈП Плаваја ќе врши кастрење на високостеблести дрвја, препаркирајте ги своите возила

Media Press

Published

on

ЈП Плаваја им соопштува на станарите во зградите со број 41, 43, 45, 47 и 49, на улица Самоилова“, на потегот од улица „Кеј 8-ми Септември“ до улица „22-ри Октомври“, во Радовиш, дека на ден 07.03.2021 година во недела, со почеток во 07:00 часот наутро, ќе пристапи кон кастрење и сечење на високостеблести дрвја, постапувакќо по решение издадено од ЕЛС Општина Радовиш.

„За таа цел се замолуваат граѓаните да ги дислоцираат паркираните возила на паркингот пред наведените згради, а исто така и да го намалат движењето во тој дел од градот во наведеното време. За секоја евентуално настаната штета ЈП Плаваја нема да сноси одговорност, доколку не се почитува ова соопштение“, велат од ЈП плаваја.

Continue Reading

Радовиш

Започна уредувањето на тротоарите на улица Плачковица во Радовиш

Media Press

Published

on

 Активно се работи на изградба и уредување на тротоарите на улица Плачковица, во населба Куклевица во Радовиш. Граѓаните кои  што живеат во оваа населба по околу триесетина години,  велат дека конечно улицата заличи, а и ќе нема повеќе трева и кал на тротоарите.

 Градоначалникот Герасим Конзулов денеска изврши увид во градежните активности  и притоа спомна дека станува збор за поставување на 11 илјади метри квадратни бекатон плочки на тротоарите на улицата.

Конзулов  вели дека со право, на секоја средба со граѓаните се барало да се уредат пешачките зони и да се зголеми безбедноста во сообраќајот на една од најпрометните  улици во градот. Тој спомне и дека сега е решен и проблемот со водоснабдувањето, кој беше долгогодишен проблем во населба Кулкевица, благодарение на успешното менаџирање на сегашниот директор во ЈП Плаваја, но и со изградбата на новиот резервоар за вода.

 Градоначалникот Конзулов спомна и дел од проектите на кои се работи во овој период и кои ќе следуваат во наредните месеци. Ќе се дозаврши регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица, се гради мостот на река Марлада, ќе се градат нови фасади на три згради во центарот Радовиш, ќе бидат изградени велосипедска и пешачка патека од двете страни на булеварот Александар Македонски, целосно ќе се обновува улица Свети Спасо Радовишки се до монополот, а ќе се реализираат проекти и во населените места.

 Конзулов спомна дека има проблеми со несериозноста на некои изведувачи но се преземаат мерки  да се надминат.

Continue Reading