Connect with us

Радовиш

Боров Дол отпочнува со подготовка за тестирање на новоизградената техничка опрема

Media Press

Published

on

Се врши подготовка за отпочнување на тестирање и приспособување на постојката за примарно дробење на рудата и транспортната трака. 

Транспортна лента, долга 7 километри, претставува главна транспортна линија која што директно го поврзува дотурот на руда од склад на Боров Дол со објектот за складирање на руда на Бучим. Транспортниот систем на ленти е систем изработен според светски стандарди, со која што ќе се пренесува издробената руда од рудникот Боров Дол до преработувачките капацитети на Бучим. 

Транспортната лента за пренос на руда и погонот за примарно дробење на рудата наскоро ќе бидат пуштени во фаза на тестирање. Сите активности за скорото пуштање на работа на новиот рудник за бакар се во завршна фаза и интензивно работиме на претстојното започнување на работа на рудникот,” изјaви Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

Во концесикиот простор на рудникот Боров Дол ќе се изведуваат активности за експлоатација на бакарна руда, а понатамошната преработка на рудата ќе се одвива во флотациониот погон на Бучим. 

Радовиш

Градоначалникот Конзулов со честитка за 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената

Media Press

Published

on

Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов со пригодна честитка им го честита 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената.

„Родовата рамноправност е фундаментално човеково право со кое се зголемува општествената кохезија и благосостојба. Ве охрабрувам да останете посветени на политиките за рамноправност и зајакнување на родовата еднаквост во сите сфери на живеење.“ – стои во честитката

Воедно, тој им се заблагодарува што посветено работат за развојот на локалната заедница и општина и им посакува добро здравје и успех на секое поле.

Continue Reading

Радовиш

Во недела наутро ЈП Плаваја ќе врши кастрење на високостеблести дрвја, препаркирајте ги своите возила

Media Press

Published

on

ЈП Плаваја им соопштува на станарите во зградите со број 41, 43, 45, 47 и 49, на улица Самоилова“, на потегот од улица „Кеј 8-ми Септември“ до улица „22-ри Октомври“, во Радовиш, дека на ден 07.03.2021 година во недела, со почеток во 07:00 часот наутро, ќе пристапи кон кастрење и сечење на високостеблести дрвја, постапувакќо по решение издадено од ЕЛС Општина Радовиш.

„За таа цел се замолуваат граѓаните да ги дислоцираат паркираните возила на паркингот пред наведените згради, а исто така и да го намалат движењето во тој дел од градот во наведеното време. За секоја евентуално настаната штета ЈП Плаваја нема да сноси одговорност, доколку не се почитува ова соопштение“, велат од ЈП плаваја.

Continue Reading

Радовиш

Започна уредувањето на тротоарите на улица Плачковица во Радовиш

Media Press

Published

on

 Активно се работи на изградба и уредување на тротоарите на улица Плачковица, во населба Куклевица во Радовиш. Граѓаните кои  што живеат во оваа населба по околу триесетина години,  велат дека конечно улицата заличи, а и ќе нема повеќе трева и кал на тротоарите.

 Градоначалникот Герасим Конзулов денеска изврши увид во градежните активности  и притоа спомна дека станува збор за поставување на 11 илјади метри квадратни бекатон плочки на тротоарите на улицата.

Конзулов  вели дека со право, на секоја средба со граѓаните се барало да се уредат пешачките зони и да се зголеми безбедноста во сообраќајот на една од најпрометните  улици во градот. Тој спомне и дека сега е решен и проблемот со водоснабдувањето, кој беше долгогодишен проблем во населба Кулкевица, благодарение на успешното менаџирање на сегашниот директор во ЈП Плаваја, но и со изградбата на новиот резервоар за вода.

 Градоначалникот Конзулов спомна и дел од проектите на кои се работи во овој период и кои ќе следуваат во наредните месеци. Ќе се дозаврши регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица, се гради мостот на река Марлада, ќе се градат нови фасади на три згради во центарот Радовиш, ќе бидат изградени велосипедска и пешачка патека од двете страни на булеварот Александар Македонски, целосно ќе се обновува улица Свети Спасо Радовишки се до монополот, а ќе се реализираат проекти и во населените места.

 Конзулов спомна дека има проблеми со несериозноста на некои изведувачи но се преземаат мерки  да се надминат.

Continue Reading