Connect with us

Македонија

Силјановска Давкова: Да имаме попис како стандардна статистичка операција по извесни правила, а не политичка операција со ИЗВЕСЕН РЕЗУЛТАТ

Avatar

Published

на

Професорката Гордана Силјановска-Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ,   со своја објава на Фесбук во однос на изјавата на директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски кој најави парични и затворски казни за бојкотирање на пописот.

„Намерно или случајно, деновиве, најцитирана изјава од гостувањето на директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, на емисијата “Win-win” е онаа за ЗАКАНАТА со казна: парична или „затворска казна до 5 години, како за физичкото лице кое ќе одбие да даде податоци на пописот, така и за „МОТИВАТОРОТ“, по кривична пријава на Заводот. Директорот го помешал членот 50 со членот 49, иако се однесуваат на различни субјекти. Наместо статистички, зазвучи политички, па дури и јавно-обвинителски. А потем? Ај што ја ја чувме дезинформацијата по сите медиуми, небаре е „законска одредба“, а не погрешна информација, туку и ги анкетираа граѓаните за ставот во однос на измислената санкција! Никој не се сети да го цитира членот, ниту да побара да му го цитираат!

Патем, компаративниот преглед на правно утврдените санкции во законите за попис на различни европски држави за недавање податоци, ЈАСНО открива дека БЕЗ ИСКЛУЧОК, секаде, оваа повреда се квалификува како прекршок и се санкционира парично, а никаде затворски! Така е и кај нас. Ама, кога живееме во земја во која политиката се практикува како борба за моќ, а не како процес/процедура, или партиципација, ќе не ЗАПЛАШУВААТ и КАЗНУВААТ, наместо да не убедуваат, не само политичарите на власт, туку и нивните експерти, во улога на надриправници – „ЕВРОКУЛТИВАТОРИ“!

МОЛК на овластените и пасионирани ловци на fake-news, страв кај граѓаните дека „ќе одат в затвор“, ако не ги дадат бараните податоци, оти така кажал директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски. Се сетив на сличните закани во предрефендумскиот период за Преспанскиот договор, иако во Македонија не постои задолжително гласање, се сетив дека во 1991 година, на повик на албанските политичари имаше бојкот на пописот, се сетив дека и во 1994 година имаше делумен бојкот. Ама, санкции немаше, се разбира.

Прашувам: дали директорот на Заводот за статистика „заборави“ да ја цитира законската одредба од членот 51, според која: „Глоба во износ од 200 – 300 евра, во денарска противвредност ќе се изрече за ПРЕКРШОК на физичко лице ако одбие да ги даде податоците што се бараат од него за пописот, или ако даде неточни податоци. Се чудам каде ја прочита законската одредба за одговорност на „поттикнувачот“ или „МОТИВАТОРОТ“, кога таква не постои? Можеби ставот на својата партија СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ и неговите коалициони партнери, односно нивната пратеничката група како „АНИДРЖАВЕН МОТИВАТОР“, што треба да се КАЗНИ „го преточи“ во непостоечка норма?

„АНТИМОТИВАТОРИТЕ“, односно ЗАКАНУВАЧИТЕ, го превиделе членот 15 од Законот за прекршоци, во кој дословно пишува: „ Нема одговорност за поттикнување и помагање на прекршок, освен во случаи определени со закон! Во тукушто донесениот закон, таков случај НЕМА. За разбирање на безвредноста на изјавата на директорот за покренување кривична постапка што може да резултира и со затвор, треба да се прочита и членот 26 од Законот за прекршоци, во кој е утврдено дека : „ глобата за физичкото лице се состои во плаќање на определен паричен износ, кој не може да биде помал од 15 евра во денарска противредност, ниту поголем од 250 евра, освен ако со законодавството на ЕУ не е поинаку определено!

За нашиов ПОПИСЕН случај, звучи интересно ставот (1) на членот 21 од „Законот за прекршоци“:„ Кога прекршокот е сторен под особено ОЛЕСНУВАЧКИ околности, глобата може да се ублажи до општиот законски минимум од членот 26, што значи 15 евра! Но, уште повалиден е ставот (2) на членот 21 што гласи: „ кога прекршокот е извршен под ОСОБЕНО ОЛЕСНУВАЧКИ ОКОЛНОСТИ, судот може да го ослободи сторителот од санкционирањето, ако САМ ГО ПРИЈАВИ! Како гледаат на Ковид -19 како околност?Понатаму, ги прашувам директорот, но и неговите СОПАРТИЈЦИ, кога го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група на коалицијата за „ деструкција“ и „ анти-државно дејствување“ : дали знаат дека Уставот е LEX SUPERIOR (највисок правен акт)? Може ли да го прочитаат уставниот член 39, став (2) : „граѓанинот има ПРАВО И ДОЛЖНОСТ да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“!

Ако е во прашање НАЈОБЕМНАТА СТАТИСТИЧКА ОПЕРАЦИЈА, во која е предвидено и директно попишување, а не само електронско, како ќе ја реализираме горецитираната уставна норма ? Зарем веруваат во пописот како метод на стекнување брз колективен имунитет, или како Лиде веруваат дека министерот за здравје, небаре Мерлин или волшебникот од Ос, со своите натчовечки способности ќе ги штити ем попишувачите, ем попишуваните, ем членовите на пописните органи?

Ги прашувам „ ДРЖАВОТВОРЦИВЕ“ и „ ДРЖАВОБРАНИТЕЛИВЕ“: зарем „несериозната“ препорака на ООН, „ неодговорно“ ја прифатиле Германија, Шкотска, Ирска, Србија, Романија, Бугарија, кога ги одложиле пописите, иако во сите нив, здравствениот систем е далеку подобар од нашиот, а вакцинирањето е реалност, за разлика од кај нас, каде вакцинаците се неизвесна иднина, а да не говорам за вакцинирањето?

Би сакала да си замине вирусот час поскоро, би сакала да имаме ПОПИС како стандардна статистичка операција по ИЗВЕСНИ ПРАВИЛА , а не политичка операција со ИЗВЕСЕН РЕЗУЛТАТ! Не е доволно да му залепите на еден законски текст европско знаме, туку да втемелите на стандарди. Џабе е повикувањето на ЕУ регулативите, ако не се вградени во него, туку се најавува дека ќе се вградат на пописот во 2031!

Овој закон не ме прави среќна, оти не личи на европските закони за попис, ниту на оние од државите во регионот. Не мора да ми верувате на збор, само отворете ги словенечкиот, бугарскиот, хрватскиот или српскиот и споредете го нашиот со нив. Не е сличен, различен е. До кога ќе бидеме различни таму каде што сите се стандардни?

И на претседателот Пендаровски му препорачувам да го отвори Законот за попис на Хрватска, на пример и да го спореди со „ нашиот“ пред да го поттпише указот за прогласување!“ напиша Силјановска.

Избори 2024

Стартува изборната кампања за парламентарните избори

Avatar

Published

на

Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ ја стартува парламентарната кампања со настан „Нема откажување од иднината“ во Скопје, со обраќање на претседателто на партијата Димитар Ковачевски, а ќе има и митинзи во Демир Капија и во Гевгелија. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, пак, традиционално ќе ја почнат кампањата со митинг во Охрид.

Коалицијата „Европски фронт“започна со активности во Скопје, со конститутивна седница на победничко собрание од Парламентарните избори на 8 мај 2024.

 Зијадин Села е избран за претседател на Собранието. Бујар Османи е избран за шеф на државата со гласање на пратениците во Собранието.

Конститутивната седница на Собранието ја отвори претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Во Куманово митинг ќе има Движењето ЗНАМ. Во Штабот на Коалиција Вреди кај плоштадот Скендербег во Скопје е најавена прес-конференција на носителите на листите на кандидати за пратеници во сите изборни единици.

Левица во Велес ќе има свои активности каде ќе се обратат и претседателот и носител на листа на ИЕ1 Димитар Апасиев и носителот на листа на ИЕ3 Борислав Крмов.

Најавени се активности и на останатите учесници на изборите со кандидатски листи Коалцијата „Храбро за Македонија“ која ја сочинуваат ГРОМ, ПЦЕР и Интегра, партиите Македонска Ера Трета, Демократи, Аваја, Твоја партија, Родина Македонија, Единствена Македонија…

Со потпишување Кодекс за фер и демократски избори претставници на повеќето од политичките партии вчера се обврзаа дека ќе го почитуваат етичкиот кодекс и нема да користат говор на омраза во предизборната кампања.

Во Државната изборна комисија,  вкупно десет претставници на подносителите на листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе учествуваат на претстојните парламентарни избори го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.

Седум претставници на  подносителите на листи на кандидати за пратеници, меѓу кои претставници од коалиција Храбро за Македонија, партија Македонска ера трета, партија Левица, партија Единствена Македонија, партија Демократи, Работничка партија и Родина, не присуствуваа и не го потпишаа Кодексот за фер и декомратски избори.

Инаку, кампањата за парламентарните избори завршува на 6 мај, а се гласа на 8 мај кога граќаните ќе кажат кој од многуте кандидати ќе станат пратеници.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Гордана Силјановска Давкова: На оваа ужасна пирамида македонска, на врвот има неколку проценти пребогати луѓе, а долу останаа осиромашените

Avatar

Published

на

Професорката Гордана Силјановска Давкова во своето обраќање пред граѓаните на Велес рече дека е време да разбудиме по нешто од илинденците во секој однас.

„Народот се осиромаши, оваа транзиција како да нема крај, Македонија стана држава на социјални случаи мора да ставиме крај на тоа. Нема да дозволам носење на закони спротивни на уставот. Нам ни требаат добри закони со кои ќе ги решаваме вашите проблеми. Законот е во сверата на заштитата на јавното добро. Станаа пребогати на оваа ужасна македонска пирамида на врвот има неколку проценти пребогати луѓе, ја нема интелегенцијата и средниот слој, долу останаа осиромашени граѓани, истакна Давкова пред граѓаните на Велес.

Таа додаде дека мора да се стави крај на зависносто судство, устаниот суд да ги штити уставот и законите, претседателто мора да знае дека веотото нее украс туку треба да се употреби кога е потребно. Таа праша колку пати претходниот претседател го употребил правото на вето?

Прочитај повеќе

Избори 2024

Пендаровски од Гостивар: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество

Avatar

Published

на

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар.

Пред присутните Пендаровски потсети на резултатите постигнати во изминатите пет години како враќањето на слободата и демократијата, градењето модерно општество на еднакви граѓани и напредокот во евроинтегративниот процес.

Пендаровски посочи дека по членството во НАТО, се случи напредок и во процесот на интеграција кон ЕУ, кој сега е блокиран поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот однос кон меѓународните договори што ја гарантираат евроатлантската интеграција на државата.

„Што нуди ВМРО-ДПМНЕ во однос на договорите што нѐ вратија во нормалниот цивилизиран свет? Нудат поништување. Кога ќе ги прашате што после тоа поништување, велат повторно ќе почнеме да преговараме. Имаат ли гаранции дека некој од надвор од големите сили ве поддржува за тоа повторно да го преговарате и да го доведете до исход кој е добар за народот и државата? Немаат. Немаат еден докажан пријател, партнер од големите сили, како што имавме ние. Сите овие договори што ги споменувам и со Грција и со Бугарија и со Европа се направени со огромна поддршка и помош од Америка, од Германија, Франција, од големите меѓународни сили. Тие немаат ниту еден и затоа кога доаѓаат пред вас ви кажуваат дајте ни власт па од 9 мај ќе ви кажеме кои се нашите планови. Тоа е крајно несериозно“ порача Пендаровски.

Затоа, додаде тој, уште на 24 април потребна е масовна мобилизација и заокружување на бројот еден со што напредокот на државата ќе продолжи.

Пендаровски во своето обраќање пред граѓаните порача и дека е крајно време за да се испита потеклото на имот на сите судии и обвинители, но и на политичарите, почнувајќи од него, а оние за кои ќе се утврди дека за време на нивниот мандат несразмерно го зголемиле својот имот прво да ги вратат парите а потоа и да се соочат со затворски казни.

Прочитај повеќе