Радовиш
Еуромакс го поддржа проектот „Бесплатен логопед“ за децата во Радовиш
Објавено на
Од
Media Press
Здружението на граѓани „Невена за тебе, за мене, за нас“ од Радовиш со поддршката на Еуромакс Ресоурцес набави нагледни средства и дидактичко – поучителни материјали кои ќе помогнат за реализација на проектот „Бесплатен логопед за децата со пречки во развојот и децата од социјално ранливите категории“.
Претседателот на Здружението Гордана Здравкоска вели дека проектите од социјална кохезија со кои се опфаќаат најранливите категории на деца, за да опстанат пред се зависат од надворешни поддржувачи.
„Деновиве имаме причина за радост. Односно за непречено функционирање и реализирање на проектите од социјална кохезија како што е и проектот „ Бесплатен логопед за децата со пречки во развојот и децата од социјално ранливите категории“, добивме донација од приватната компанија Еуромакс Ресоурцес во нагледни средства и дидактичко – поучителни материјали. Опремата значително ќе го подобри функционирањето на проектот„ Бесплатен логопед“, но и целокупното функционирање на детското катче „Невена“, каде нашите членови секојдневно преку низа активности го поминуваат слободното време“, вели Гордана Здравкоска од здружението „Невена за тебе, за мене, за нас“..

Здружението постои веќе четири години, од кои две во услови на пандемија што дополнително го отежнува реализирањето на проектите.
„Поради пандемијата се соочивме со неочекувани потешкотиите со секојдневното функционирање, но сепак тимот на ‘Невена’ успева да ги реализира своите цели, бидејќи мисијата е јасна, подобар свет за сите деца. Посебно сме горди на нашите проекти од социјална кохезија ‘Бесплатен логопед’ и ‘Јога за деца и деца со пречки во развој’. Да работиш на проекти во кои се таргетирани деца од ранливите категории на семејства е благородна и возвишена мисија. Но за жал и исклучително тешко, затоа што секој ваков проект не може да биде самостојно финансиски одржлив доколку не биде поддржан од компании во кои општествената одговорност е високо изразена“, вели Здравковска и истакнува дека сакаат во иднина да ја продлабочат соработката со Еуромакс со цел и нивната мисија „За свет со еднаквост за сите за насмевка на секое детско лице“, де продолжи да радува уште многу деца.
Од Здружението изразуваат голема благодарност до компанијата бидејќи менаџментот на компанијата позитивно одговори на апликацијата која ја поднесоа по повикот на Еуромакс за поддршка на локални проекти пред неколку месеци.
Еуромакс Ресоурцес, инвеститорот на проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“, во изминатите месеци реализира поголема кампања под мотото „Со акција и дела за подобар живот СЕГА и ВЕДНАШ“ со цел преку локални проекти и соработка со невладиниот сектор се поддржи и населението во Југоистокот и да се намалат последиците од здравствено – економската криза предизвикана од Ковид пандемијата.
Еуромакс ресоурцес, во изминатиот период поддржа повеќе проекти, меѓу кои и поддршка за женското претприемништво, земјоделците, сточарите и малите бизниси во општините Босилово и Ново Село, како и за првиот етно – ресторан со едукативен пристап за деца со аутизам и спонзорство за обнова на каналите за наводнување во соработка со АД Водостопанство – Подружница Струмичко поле – Струмица.
Поврзани содржини

Учениците дел од проектот СПОРТ ЗА СИТЕ од двете партнерски училишта, од Радовиш и од Руски Крстур, Србија беа во посета на Општина Радовиш

Во Радовиш одржана завршна презентација на проектот „ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА“, имплементиран преку Програмата „ЕУ за општините“

Општина Радовиш повторно ќе биде дел од проектот„АДАПТ“ за справување со критичните предизвици поврзани со климата и биодиверзитетот

Општина Струмица започнува со проектот „Мерење и анализа на загадувачи во воздухот на МИКРО локации“, прва општина на Балканот

Стартува проектот „Енергетски ефикасен регион“ со кој Општина Радовиш ќе штеди енергија и до 200 илјади евра

Став од Кабинетот на претседателката Силјановска во врска со употребата на името Македонија
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

