Connect with us

Култура

Обраќање на претседателот Пендаровски на првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Avatar

Published

на

Претседателот Стево Пендаровски, преку видео-порака се обрати на отворањето на првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, што се одржува онлајн, во рамки на одбележувањето на едно столетие од раѓањето на великанот на македонската филологија, лингвистика и книжевност, академик Блаже Конески.

Како покровител на јубилејот „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, претседателот Пендаровски изрази задоволство од предвидените настани и програмски содржини, посакувајќи им успешна работа на учесниците на школата.

„Имам особена привилегија и чест да ве поздравам на почетокот на првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Верувам дека задоволството кај сите нас е уште поголемо, што овој настан се одвива токму во годината во која одбележуваме едно столетие од раѓањето на великанот на македонската филологија, лингвистика и книжевност, академик Блаже Конески. Впрочем, 2021-та  ја прогласивме за година во чест на Блаже Конески и сите релевантни институции од областа на културата, науката и образованието ќе бидат вклучени во реализација на активности и проекти поврзани со оваа значајна годишнина.

Како покровител на јубилејот „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, импресиониран сум од сите предвидени настани и програмски содржини. Се радувам што токму преку првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во чии рамки е и Филолошкиот факултет кој го носи името на Блаже Конески, практично прв започнува со активности за одбележување на големиот јубилеј.

Почитувани,

Како еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик академик Конески ја заслужува најголемата почит и благодарност. Во период кога, за жал, од политички причини, повторно се негира постоењето на македонскиот јазик, иако тој е одамна верификуван од светската лингвистичка наука, токму делото на Конески е најмногу на удар. Во таа смисла, еден од најцврстите бедеми во одбраната од неаргументираните и често ирационални напади е Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура кој зад себе има веќе пет и пол децениска традиција со повеќе од петстотини учесници од шеесетина земји од сите меридијани на светот. Затоа големо благодарам  на сите досегашни учесници за посветеноста и за придонесот за поширока меѓународна афирмација на македонскиот јазик, литература и култура.

Согласно актуелната ситуација со пандемијата, како и во случајот со минатогодишната летна школа така и сега сите настани се онлајн. Се надевам дека наскоро по започнување на процесот на вакцинирање,  човештвото, во целина, ќе излезе како победник во борбата со Ковид 19 и полека ќе се вратиме на нормалното секојдневие, така што, следната школа ќе може, согласно традицијата, да биде одржана во Охрид со физичко присуство на сите учесници.

Уште еднаш Ви честитам на желбата да бидете дел од првата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура и во наредните десет денови додека трае школата ви посакувам успешна работа“, стои во обраќањето на претседателот Пендаровски.

Конче

Голем број на посетители на Изложбата на aвторката Лејла Куртов “Рурална жена низ објективот” во Општина Конче

Avatar

Published

на

Вчера во Домот на Култура во Општина Конче се одржа првата самостојна изложба на дигитална фотографија со која авторката Лејла Куртов полека но сигурно ги крши стереотипите на нашето општество за тоа што претставува руралната жена.

На изложбата на авторката Лејла “Рурална жена низ објективот” која се одржа во домот на културата во Општина Конче, присутни беа голем број посетители.

Настанот беше збогатен со настап на КУД Конче, како и вкусните специјалитети со кои Општина Конче се гордее.

Покрај фотографиите , посетителите имаа прилика да видат и краток Документарен филм на кој се прикажани културните богатства на оваа Општина, но и животните приказни на овие моќни жени .

Овој настан беше предводен од Модераторот Златко Јанкулов и презентерката на “Животните приказни на руралните жени” Катерина Василева .

Авторката вели дека ова е само еден убав почеток , а инспирацијата за нови настани и изложби ја црпи од преголемото културно богатство кое го поседува Општина Конче.

Прочитај повеќе

Култура

Совети за зголемување на продуктивноста и мотивацијата во канцеларијата

Avatar

Published

на

Мотивацијата е движечка волја или моќ со која луѓето ги постигнуваат своите цели, потреби и вредности. Мотивацијата на работа или во канцеларија не се разликува. Волјата или желбата на вашиот вработен е да заврши добра работа. Затоа не сме изненадени зошто се повеќе менаџери се заинтересирани за стратегии за зголемување на мотивацијата на своите вработени, а со тоа и нивната продуктивност.

Веројатно сте забележале дека некои од вработените се повеќе, а некои помалку мотивирани. Подолу се дадени неколку корисни совети кои можете да ги искористите за да влијаете на нивото на мотивација на работното место.

Подароци, слатки и други знаци на внимание

Кој не сака убав подарок? На сите ни се допаѓа кога нашиот труд се цени, особено кога е награден. Подарувањето се покажало корисно за двете страни, бидејќи го поттикнува лачењето на хормоните на среќата кај оној што го добива подарокот, но и кај оној што го дава.

Не треба да претерате со подароците, па сè доаѓа во игра. Од планирана награда за добро направен проект, до повремен знак на внимание како подароци во форма на слатки. Зајакнувањето на моралот на вработените на овој начин ќе го подобри нивното искуство на работа, така што ова е едноставен и лесен начин за постигнување на целта.

Ако сакате да ги импресионирате и да ги третирате вашите вработени на оригинален начин, можете сами да се обидете да им направите задоволство – мали колачи или дури и торта.

Јасно поставете цели и приоритети

Ако сакате вашиот тим навистина да ги постигне целите што сте ги поставиле за него, мора да внимавате целите да бидат јасно и прецизно дефинирани, но и реално поставени. Ако на своите вработени им поставите цели за кои знаете дека е невозможно да се постигнат, тоа негативно ќе влијае на нивната желба да се обидат да ги постигнат.

Ако имате голем проект пред вас, кој бара многу време и ресурси, обидете се таа цел да ја разделите на неколку помали чекори. На овој начин, долго и напорно патување до вашата дестинација можете да го претворите во авантура исполнета со мали победи.

Не секоја активност е подеднакво важна, па затоа е од суштинско значење да се даде приоритет. Постојат неколку алатки кои можат да ви помогнат во тоа, а една од нив е матрицата Ајзенхауер или „итно важната матрица“.

Погрижете се сите да го разберат „зошто“

Кога вработените знаат што и кога треба да направат, останува да знаат „зошто“. Во секое од овие „зошто“ треба да се имплементира визијата на корпорацијата, за да знаат дека секоја активност, дури и најмалата, придонесува за крајната и најважна цел на организацијата.

Како што секој вработен е дел од еден од секторите, секторот е дел од една гранка, така и секоја активност што ја извршува вработениот е дел од процесот што на крајот води кон создавање вредност за вашите клиенти, вработени и организацијата како цело.

Акцент на тимската работа

Секој од вашите вработени е оригинален и различен на свој начин. Таа различност овозможува да се поттикнат иновациите преку градење тимови со различни личности и вештини. Соработката во и помеѓу тимовите е идеален начин за дифузија на идеи и нивен понатамошен развој во организацијата.

Времето е највредниот ресурс. Кога чувствуваме дека немаме контрола врз тоа, но и врз другите ресурси, нивото на мотивација ни опаѓа. Затоа, многу е важно да се знае кога и до кој степен должностите и одговорностите треба да се делегираат на одредени тимови и нивните лидери. Секоја промена која покажува доверба кај вработените има позитивен ефект врз нивната работа.

Пријателска работна атмосфера

Во повеќето корпорации е воспоставен изразот дека „работата е втор дом“ и без разлика дали се согласуваме со тоа или не, една третина од денот поминуваме на работа. Треба да се погрижиме внатрешноста да биде пријатна, како и атмосферата да биде пријателска. Тоа не значи дека треба да ангажирате професионални дизајнери на ентериер, туку дека треба да се погрижите канцелариите да бидат соодветно уредени во поглед на светлината, боите на ѕидовите, квалитетот на мебелот и друго.

Доколку создадете пријатна атмосфера, со простор за одмор и релаксација, вработените со нетрпение ќе чекаат да дојдат на работа. Мотивацијата и расположението одат рака под рака, па не е невообичаено лошото расположение да влијае на продуктивноста и резултатите.

Комуникацијата е клучот

Еден од занемарените начини на кој можете да ја зголемите мотивацијата на вашиот тим е комуникацијата. Преку ефективна комуникација, вработените ќе се чувствуваат овластени, а вие ќе им обезбедите и чувство на припадност, другарство и одговорност. Што е уште поважно, ако практикувате отворена комуникација, вработените се чувствуваат сигурни во вашата врска и се гради доверба. Прашајте ги вработените за повратни информации, но и редовно давајте ги.

 Друг начин на кој можете да ја зајакнете врската меѓу вас и вашите вработени, но и меѓу нив, е преку организирање тим билдинг. Работата од дома стана нормална појава во последните две до три години, па земајќи ги предвид сите негови предности и недостатоци, дополнително се истакнува важноста на јасна и отворена комуникација.

Мотивацијата е тесно поврзана со емоциите. Кога позитивно влијаеме на емоциите на нашите вработени, истовремено го зголемуваме нивото на нивната мотивација, а мотивираните поединци покажуваат поголема иницијатива и обезбедуваат подобри резултати. Кога размислувате колку е важна мотивацијата во една организација, освен што се обидувате да ја поттикнете, важно е и повторно да се следи, анализира и имплементира.

Прочитај повеќе

Култура

Претседателот Пендаровски ќе го отвори јубилејното 60-то издание на Охридско лето

Avatar

Published

на

Претседателот Стево Пендаровски, вечерва – 4 август 2020 година, вторник, ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на јубилејното 60-то издание на „Охридско лето“, во Античкиот театар во Охрид.

Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на Претседателот и на YouTube каналот.

Реномираниот меѓународен фестивал „Охридско лето“, традиционално, се одржува под покровителство на Претседателот на државата.
Јубилејното 60-то издание на “Охридско лето” годинава првпат од основањето на Фестивалот ќе се одржува во термин различен од вообичаениот и согласно условите наметнати од епидемијата на коронавирусот.

Прочитај повеќе