Connect with us

Политика

Силјановска Давкова: Не треба да претседава Џафери туку некој од замениците

Avatar

Published

на

На денешната собраниска седница се обрати и пратеничката Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“. При своето излагање Силјановска Давкова посочи дека доколку Талат Џафери е кандидат за претседател на Собрание, тогаш тој не треба да претседава туку некој од замениците.

„Процедурата е гаранција за демократија, особено парламентарната. И претседавачот по аналогија треба да се однесува како Претседателот на Собранието. Не можам, а да не кажам дека по верификацијата на мандатите ние пратениците иако по Деловникот треба да ги уживаме правата и да ги остваруваме должностите во еден подолг период , а тоа не можеше да го реализираме. Зошто? Затоа што да вие сте мастерот на процедурата но по аналогија повторувам, Деловникот важи и за Вас“, нагласи Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова додаде дека членот 110 од Деловникот вели дека не претседавачот туку Претседателот на Собранието е должен најдоцна во рок од 3 дена од добивањето на информацијата на Претседателот за доверен мандат да ги информира пратениците.

Македонија

Максим Димитриевски собра 10.000 потписи за кандидат за претседател

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски собра 10 000 потписи за кандидат за претседател.

„Над 10.000+ потписи за кандидат за Претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа“, објави Димитриевски на својот профил на „Фејсбук“.

Дик ги објави последните податоци и според нив Максим Димитриевски собрал 10.700 потписи.

Претходно, кандидатот на ДУИ, Бујар Османи објави дека ги собрал сите 10.000 потписи за кандидатура како и кандидатот на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари. 

Според последните податоци Бујар Османи собрал 11.028 потписи а Таравари 10.083.

За нив трката за претседател може да почне за останатите кандидати се уште собираат потписи.

Билјана Ванковска досега има собрано 7.876 потписи и Стевчо Јакимовски 6.676.

Прочитај повеќе

Македонија

ДИК објави, досега никој од кандидатите за претседател ги нема собрано потребните 10 илјади потписи од граѓаните

Avatar

Published

на

Државната изборна комисија ги објави податоците за досега собраните потписи за кандидатите за претседател на државата

Според најновите податоци на ДИК заклучно со вчерашниот ден вкупно 24.830 граѓани дале потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата.

Според објавените податоци на ДИК, досега никој од кандидатите за шеф на државата ги нема собрано потребните 10 илјади потписи од граѓаните.

Според пресекот на ДИК, најмногу потписи има Бујар Османи, кандидат на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за кого се потпишале 8.560. Втор на листата е лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски со 5.923 собрани потписи. Кандидатката поддржана од партијата Левица, Билјана Ванковска-Цветковска има собрано 4.478 потписи, а кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски има 3.091 потписи.

Вело Марковски има 433 потписи, а кандидатот на опозицискиот блок „Вреди“, Арбен Тарвари 1645 потписи. Мерсиха Смаиловиќ 523 потписи и Ѓорги масков 93. Според податоците од ДИК, во овие два дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски.

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Постапката за собирање потписи, почна на 23 февруари ќе трае до 8 март  од 8 до 20 часот, а последниот ден до 24 часот. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Рокот за собирање потписи се однесува и за претседателските и за парламентарните избори. Претседателските избори се закажани за 24 април, а вториот круг е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.

Прочитај повеќе

Македонија

Од денеска започнува собирањето на потписи за кандидати за претседател и пратеници

Avatar

Published

на

Од денеска 23 февруари започнува собирањето на потписи за листи на кандидат за Претседател и ќе трае до 8 март. Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

До сега, до Државната изборна комисија се поднесени вкупно осум Изјави за прифаќање на иницијатива за собирање потписи за кандидирање за Претседател.

За време на собирањето на потписите Подрачните одделенија и канцеларии на Државна изборна комисија, ќе работат секој ден во наведениот период,  непрекинато во периодот од 08:00 часот до 20:00 часот и последниот ден, односно 08 март до 24:00 часот.

Максим Димитриевски, претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и градоначалник на Општина Куманово ја доби поддршката за кандидатурата за претседател синоќа на првиот конгрес на партијата. Доколку биде избран за шеф на државата, Димитриевски рече дека ќе се заложи да се одредат црвените линии од кои нема отстапување.

ДУИ го предложија министерот за надворешни работи Бујар Османи. Претходно од СДСМ објавија дека нивен кандидат ќе биде актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски, ВМРО-ДПМНЕ ја предлага професорката Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски е кандидат на ГРОМ, партијата што ја предводи, професорката Билјана Ванковска на Левица, Арбен Таравари на албанската опозициска коалиција ВРЕДИ. Својата независна кандатура за претседател во октомври, лани, прв ја најави Вело Марковски.

Кандидатурата на Силјановска-Давкова допрва треба да се најде на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, по што треба да се достави до ДИК. Во рекорден рок нејзините колеги и колешки ги собрале потребните 30 потписи, без нејзино знаење.

„Имам намера да собирам и 10 илјади потписи, бидејќи мислам дека траба рамноправна да бидам со сите други и се разбира, да повикувам повторно од оние кои не се во политиката или не се идеолошки и партиски определени“, изјави Силјановска-Давкова.

Раководството на СДСМ одлучи актулниот шеф на државата Стево Пендаровски да биде поддржан за кандидат за претседател на државата. За одлуката деновите треба да се изјаснат Извршниот и Централниот одбор на партијата, а промотивната конвенција е планирана за 3 – ти март.

Собирањето потписи ќе се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари. Постапката што почнува денеска трае непрекинато секој ден. Подрачните одделенија ќе работат две смени, од 8 до 20 часот, додека последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Рокот за собирање потписи се однесува и за претседателските и за парламентарните избори. Претседателските избори се закажани за 24 април, додека вториот круг од изборите е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.

Прочитај повеќе