Радовиш
Тестирање за Ковид -19 со брзи антигени тестови и во Здравствен дом Радовиш
Објавено на
Од
Media Press
Брзи тестови за ковид 19 од пред два дена и во Здравствениот дом во Радовиш. „По направениот план за нивна примена започнува тестирањето на граѓаните. Начинот и динамиката на тестирање ќе биде во координација со матичните лекари“ истакна директорката на Лимонка Илиевска.
Според Илиевска со овие тестови ќе се овозможи за пократко време да бидат тестирани што поголем број на граѓани од Општина Радовиш кои резултатите ќе ги добиваат многу побрзо од претходно. За таа цел Здравствениот дом има прилагодено посебен ковид пунгт, каде се врши тестирање и прегледи на пацинетите. Инаку тестовите ќе бидат бесплатни, што значи пациентите нема да плаќаат за тестирањето.
Според последните податоци во Радовиш има околу 130 активни случаи со Ковид -19, а бројот секојденвно варира.
Истовремено сеуште се врши и бесплатно вакцинирање проив сезонски грип на хронично болните лица. Бесплатни вакцини се обезбедни и за здравствените рабтници во Здравствениот дом во Радовиш. Во ХЕС службата пак се врши вакцинирање со комерцијални вакцини за оние граѓани кои сакаат да се вакцинираат против сезонски грип.
Поврзани содржини

Стопанска комора: Работниците што не сакаат да се вакцинираат, трошоците за тестирање исклучиво да бидат на нивна сметка

Резултатите од вчерашното тестирање на ученици беа негативни

Тестирањето на попишувачите и инструкторите ќе се спроведе на 11 и 12 март

ВМРО ДПМНЕ: Секој четврти тестиран е заразен од КОВИД, Комисијата за заштита од заразни болести потфрли

100 тестирања од планираните 485 се завршени во Штип

Следната недела почнува скрининг тестирање за коронавирус
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

