Connect with us

Македонија

Тестирањето на попишувачите и инструкторите ќе се спроведе на 11 и 12 март

Avatar

Published

на

Државниот завод за статистика ги објави списоците на кандидати за  реонски попишувачи и реонски инструктори на веб-страницата Попис 2021,  по  пописни реони.

Тестирањето на кандидатите ќе се спроведе на 11 и 12 март, а Комисиите на пописните реони треба да објават списоци со распоред на групите за тестирање и соодветното време.

Попишувачите и инструкторите треба да се јават 30 минути пред почетокот на тестирањето и задолжително да носат заштитна маска (KN95).

Доколку немаат доставено по пошта фотокопија од документи во хартиена форма до Државниот завод за статистика, истите треба да ги достават на денот на тестирањето. Потребни документи во фотокопија кои треба да се достават се:

1.Доказ за државјанство – фотокопија од:

-Лична карта или

-Уверeние за државјанство или

-Диплома за завршено образование

2.Доказ за завршено најмалку средно образование – фотокопија од:

-Свидетелство или

-Уверение или

-Диплома за завршено образование.

3.Писмена изјава дека немаат засновано работен однос

4.Писмена изјава дека имаат познавање од работа со персонален компјутер

Точната дата и времето на тестирањето се дадени во списоците кои се објавени на огласната табла на општините, во седиштето на Комисијата за пописен реон.

Контакт-информации за Комисиите на пописните реони можете да најдете на следниов линк: https://popis2021.stat.gov.mk/PopisniReoni.aspx

Избори 2024

Апасиев од Велес: На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници

Avatar

Published

на

Вчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.

„На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници“ порача лидерот на партијата Апасиев.

„Зошто почнуваме од Велес? Ете затоа почнуваме… Почнуваме од Црвениот Велес. Градот на Рацин, каде што секое парче од калдрмата е Историја. Ете затоа почнуваме од Велес.

И нема да престанеме додека не ги избркаме како црв од јаболко! Доста ни ја јадете душата, доста ни ја јадете Татковината. Да беше жив Рацин ќе ви речеше: “Да се плукне гадот валкан”! Тој беше дрзок и знаеше колку вреди народниот дух, и затоа не дозволи никогаш народниот дух да падне.” истакна Апасиев во својот моќен говор.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите

Avatar

Published

на

„Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија .

Тој додаде деја ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. „Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, истакна Ковачески.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот

Avatar

Published

на

„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.

„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо –  победуваме!

Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и  нивните измеќари од СДСМ!       

Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.

Прочитај повеќе