Македонија
По објавувањето на податоците, реакции од политичките партии: Пописот е нокомплетен и неуспешен
Објавено на
Од
Media Press
По објавувањето на податоците од Пописот се појавија и првите рекации од политичките партии. Власта на СДСМ и ДУИ се пофали дека Пописот бил успешно завршен и дека се горди на истиот. Но од ВМРО -ДПМНЕ велат дека Пописот е нокомплетен.
„Доказ за тоа е бројката од 7.2% или повеќе од 132.000 резидентни жители за кои што ДЗС покрај сите механизми не успеал да ја дефинира припадноста. Едноставно ДСЗ не сакал, а не дека не можел да утврди етничка припадност. Се работи за резидентни жители, од кои најголем дел се од Аеродром, Ѓорче Петров, Центар, Битола, Велес, Кавадарци, Кочани, Охрид, Прилеп, Струмица, Штип“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
Оттаму потенцираат дека одговорноста за ваквата некомплетност е на ДСЗ и власта на СДСМ и ваквиот попис не смееше да се објавува додека не се дефинираше припадноста на секој резидентен жител.
„По промената на власта и формирањето на влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе се спроведен комплетен електронски попис по сите европски стандарди кој ќе биде веродостоен и кој ќе ги нема недостатоците кои што ги имаат овие пописни бројки“, нагласија од партијата.
Според првичните анализи на објавените податоци од пописот, и Демократскиот сојуз, оценува дека тие не се одраз на фактичката состојба. Во дијаспората, проценките се дека само околу 10% од Македонците се попишани, додека во Македонија, од резидентното население, претежно Македонци, над 130.000 не се попишани.
„Овие бројки го наметнуваат заклучокот, дека пописот е неуспешен и за тоа треба да се бараат причините и одговорноста. Има многу фактори кои влијаеа да не успее пописот: деструкцијата и повикот за бојкот на некои партии, лошите подготовки, методологијата за спроведување на пописот, партизацијата, слабата обука на попишувачите, отсуството на контрола и сл, велат од Демократскиот сојуз.
Демократскиот сојуз предлага да се направат дополнителни вкрстувања и проверки на податоците, а за нерезидентното население (иселеници) да се спроведе дополнителен попис.
„Овој процес не беше ништо, освен една политичка операција изведена под палката на ДУИ, а одобрена од СДСМ“, велат од Левица од каде додаваат дека нема да го признаат овој Попис.
„Прво Законот го шверцуваа со европско знаменце, што не е случај во ниту една држава. Потоа имавме попис на дијаспора, што не е случај во ниту една држава, имавме попишување со само давање на матичен број, што ги крши сите меѓународни стандарди. Имавме ситуација да може трети лица да даваат лични податоци, што е забрането со меѓународни конвенции. Имаме ситуација документи за идентификација да бидат насловени во законот како ‘соодветни документи’, значи намерно не се прецизирани за да може да имаме манипулации. И на крај, врзаниот потпис на заменик директорот на ДУИ, за да може да ги добиеме овие, би ги нарекол, буквално фалсификувани и штелувани резултати кои што ги добивме.
Апостол Симовски призна дека 132.000 луѓе внеле само од базите, што значи дефакто дека тие луѓе бојкотирале – што значи пописот е НЕВАЛИДЕН! Ние гледавме како Груби, Османи и Бектеши агитираа во дијаспората на државен трошок само една етничка заедница да се потпишува, дури и странски државници како Курти и Рама лобираа. Според државјанствата издадени од МВР, се заклучува дека 300.000 лица не се попишани! Левица НЕ ГО ПРИЗНАВА овој попис и за сите кои учествувале во овој фингиран процес ќе има кривични пријави“, додаваат од партијата Левица.
Дека се направени сериозни пропусти во процесот на попишување, и дека се прекршени Уставот и бројни прописи, а многу граѓани не се попишани реагираат и од Турската заедница, Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во Македонија, не ги признава и не ги прифаќа објавените бројки и проценти за Турците во пописот, оценувајќи ги истите како нерелани.
Тие посочуваат дека пред пописот укажале на несоодветната методологијата и недостатоци, како и на технички проблеми со софтверот и неинформираност на населението, но и на недостаток на попишувачи Турци, за што биле информирани надлежните институции во земјава и странство инволвирани во пописот.
И најголемиот и најзначниот политички субјект на бошњачката заедница во Македонија, Бошњачки демократски сојуз (БДС), изрази сомнеж за регуларноста на резултатите од пописот.
По барањето на ВМРО-ДПМНЕ за дополнителен попис во кој околу 132,000 бојкотирачи ќе добијат можност дополнително да ја внесат својата етничка припадност, директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски рече дека тоа нема да се случи.
„Откако базата со податоци ќе се затвори, отпосле таа не смее да се отвора и да се интервенира во неа со дополнување на податоци“, изјави Симовски. Тој призна дека бојкотот на толку голем процент од жителите на Македонија – околу 7 проценти од населението – влијае на исходот на операцијата, но нема да дозволи менување на процентите кои покажаа дека Македонците паднале на околу 54 до 58 проценти од вкупните граѓани, односно жители, а Албанците се одржаа на малку под 25 проценти од населението на Македонија, и скокнаа на 30 проценти од вкупниот број граѓани. Се смета дека најголем дел од бојкотирачите се етнички Македонци.
Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население, а 260.606 лица се нерезидентно население.
Од резидентното население како Македонци се изјасниле 58,48 отсто од граѓаните, 24,3 се Албанци, 3,86 се изјасниле како Турци, 2,53 како Роми, 0,94 отсто се Власи, а 0,87 отсто Бошњаци.
Поврзани содржини

Работното време и работното оптоварување на новинарите и медиумските работници, истражување и анализа на ССНМ

Од резидентното население Македонци 58,48 отсто од граѓаните, Албанци 24,3 отсто

Здружението ЦЕЛОР преку Проект анализира колкава е достапноста на јавните услуги во руралните средини

Пиписот во завршна фаза, сè уште неизвесно дали ќе биде продолжен

Непопишаните да го посетат пописниот пункт во поранешниот факултет во Радовиш, во седиштето на пописната комисија

Пописот завршува за три дена, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

