Радовиш
Матурантите со ново барање до МОН околу полагањето на државна матура
Објавено на
Од
Media PressПреку одржување на прес конференции матурантите испраќаат ново барања до МОН околу полагањето на државна матура. Односно нивното барање е да полагаат само два предмети.
Од 11 декември матурантите ја бојкотираат онлајн наставата поради непостигнување договор со Министерството околу ова прашање.
Од Средношколската унија при СОУ Коста Сусинов во Радовиш, како и од останатите училишта во земјава, денеска ја испратија пораката до надлежните.
„Државната матура да се состои од два предмети Мајчин јазиј и уште еден изборен“ е барањето на матурантите.
Матурантите велат дека дека ќе продолжат со бојкотот кој би преминал во масовни протести доколку не се слушнат нивните барања.
Пред само два дена министерката за образование Мила Царовска на прес- конференција рече дека државна матура мора да се полага, за да можат матурантите да се запишат на факултет во земјава или во странство, но дека прашањата ќе бидат поедноставени. Сепак матурантите ја бојкотираат наставата, повикувајќи се на новите барања.
Поврзани содржини

Матуранти 2024/25: Генерација што слави…и заминува. Со над 6.000 матуранти кои само лани заминале за Словенија, бројките се алармантни

Доделени дипломите на околу 140 матуранти во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш, прогласен и ученик на генерацијата

Средношколците и МОН постигнаа компромис за полагање на државна матура

Заев на средба со претставници на Сојузот на средношколци, се бара решение за државната матура

Левица ги поддржува матурантите за изнаоѓање решение во врска со нивните барања за изведување на државната матура

Матурантите сепак ќе полагаат државна матура, прашањата се поедноставени
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

