Connect with us

Радовиш

Мирче Василев од Радовиш по втор пат ја освои титулата на блаканскиот натпревар во кик бокс „Балкан бест фајтерс“

Avatar

Published

на

Младиот и надежен радовишанец Мирче Василев кој беше дел од  македонската кик бокс експедиција, по втор пат ја освои титулата на блакански натпревар кој се одржа во Јагодина, Србија. Тој веќе 6 години активно тренира во Клубот „Muay Thai Combat“ Радовиш и постигнува резултати, со кои Радовиш се гордее.

„Овој турнир го освојувам по втор пат, и овој пат ја одбранив титулата. Се борев против искусно момче од Бугарија, но сепак го победив“, рече Мирче, кој има 18 години и е ученик во средното училиште во Радовиш.

Мирче  вели дека се работи за ризичен спорт, а понекогаш има и повреди, но тој не се откажува и со напорно тренирање по двапати дневно, оди кон целта.

На одржаниот балкански турнир  учествувале 7 земји од Балканот со 378 натпреварувачи. Македонија учествувала со 38 кикбоксери меѓу кои и Мирче од Комбат-Радовиш. Ова беше прв настап на македонските кикбоксери по прогласувањето на пандемијата во март.

„Балкан бест фајтерс“ требало да се одржи во Ниш, но поради пандемијата на коронавирусот турнирот се одложил и се презакажал за Јагодина. На турнирот покрај натпреварувачи од Македонија учествувале и од  Србија,  Босна и Херцеговина, Бугарија, Молдавија, Црна Гора и Хрватска.

Радовиш

Целосна реконструкција на најпрометните улици во Радовиш

Avatar

Published

на

Општина Радовиш започна со целосна реконструкција на најпрометните улици во градот, а не крпење на дупки.  Денеска се асфалтираше улица Кеј 8-ми септември покрај течението на радовишка река.

 Ќе се реконструираат улици во должина од околу 6 километри истакна градоначалникот Ацо Ристов одговарајќи на новинарски прашања и притоа рече дека ова не е предизборна активност и дека станува збор за редовни градежни активности кои ќе продолжат и во наредниот период. Исто така тој рече дека продолжуваат градежните активности и на градскиот пазар.

Прочитај повеќе

Радовиш

Градоначалникот Ристов го презентира проектот за Градска куќа „Рада“ пред советниците

Avatar

Published

на

Со дневен ред од 15 точки денеска беше одржана 47-та седница на Советот на општина Радовиш.

Како една точка од дневниот ред беше и предлог – одлука за одорување на идеен проект за реконструкција со пренамена на Стоковна куќа во мултифункционален и културен центар со музејска поставка на град Радовиш „Рада“ кој го презентираше Градоначалникот Ацо Ристов.

Градоначалникот рече дека објектот пред се ќе биде од јавен карактер и наменет за сите граѓани.

Од страна на Претседателот на Советот на општина Радовиш исто така беа споделени изјавите на двајцата советници Валентина Лазарева и Енис Омер, кои ги имаат поднесено до Советот, како би делувале во иднина како советници. Валентина Лазарева како советник од Демократски сојуз се приклонува кон советничката група на ВМРО – ДПМНЕ а Енис Омер во иднина ќе делува од име на ТДП.

Прочитај повеќе

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе