Connect with us

Радовиш

Здравје и среќа за сите граѓани посака Мирче, кој имаше среќа да го фати Светиот крст на Богојавление – Водици во Радовиш

Avatar

Published

на

Мирче Василев е среќното момче кое го фати Светиот господов крст на големиот празник Богојавление – водици во Радовиш…

И годинава големиот празник беше масовно проследен од граѓаните во Радовиш, кои што на базенот се сообраа во голем број да го проследат фрлањето на светиот крст. Мирче Василев, кој успеа да го фати Светиот крст им посака здравје и среќа на сите граѓани.

Чествувањето на големиот православен празник Богојавление-Водици 2023 во Радовиш започна со света литургија во двата храма Св. Пророк Илија и Св. Троица, од каде што после литургијата верниците во Литија се упатија кон базенот, каде се изврши големиот водосвет, по кој  следуваше фрлањето на крстот.

 Градоначалникот Ацо Ристов во оваа прилика му честит на сречното момче сите граѓни им го честита големиот празник Водици, но и најави дека за догодина можеби ќе ја збогатат оваа манифестација со други содржини, а се размислува и за изградба на нов базен каде ќе се врши самиот чин на фрлање на Светиот крст.

Среќното момче Мирче Василев кој помеѓу големиот број пријавени кандидати успеа да го фати крстот доби пригодни подароци, од овогодишниот кум, од име на општина Радовиш подарок му додели и Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, исто така подароци му доделија и компаниите Адора инженеринг и Зегин.

Кумството од овогодишната манифестација од страна на Зоран Мицев беше предадено на Миле Ѓозев кој ќе биде кум за наредната година.

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе