Connect with us

Радовиш

Видео: Третата по ред поетска манифестација за деца и млади „Пролет на сребрените соништа“- Радовиш 2020, одржана онлајн

Avatar

Published

на

Викендот на ФБ страната на Поетската манифестација за деца и млади се одржа третата по ред поетска манифестација за деца и млади „Пролет на сребрените соништа“- Радовиш 2020. Манифестација ја организираше здружението на граѓани„Невена за тебе, за мене, за нас“, во соработка со Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија,а како партнери на манифестацијата и оваа година се вклучија Просветно дело Скопје и Општина Радовиш,која финасиски ја поддржа истата.

„ Манифестација се реализираше во два дена. Првиот ден беше резервиран за онлајн промоции за книги за деца и млади во издание на Просветно дело.Преку видео пораки и записи публиката имаше можност да се запознае со најновите дела на писателите за деца.Ванчо Полазаревски,Ксенија Трајчева Маказлиева,Сузана Мицева,Виолета Ѓуровска,а како гости поети беа застапени и поетите Вера Андон и Филип Димковски.Вториот ден од манифестацијата беше за доделување на дипломи на најдобрите песни кои беа избрани по претходно распишаниот конкурс.Конкурсот беше меѓународен и на истиот пристигнаа повеќе од 300 песни од републиката и регионот. Жири комисијата во состав: Ана Винатова Рингачева- универзитетски професор,Вера Андон – писател за деца и Гордана Здравкоска- наставник по македонски јазик, одлучија да бидат наградени 30- тина песни во три категории: наградени од четврто и петто одделение, наградени од шесто до деветто одделение и наградени во категорија средно образование. Овогодишното издание на Манифестацијата поради состојбата со пандемијата за првпат се одвиваше целосно онлајн,но тоа не беше пречка писателите и наградените ученици со своите видео пораки да допрат до сите почитувачи на убавиот пишан збор и така на свој своевиден начин да ги стоплат срцата на многумина. Организациониот одбор на сите вклучени во Манифестацијата им се заблагодарува, посебна благодарност изразува со Општина Радовиш и Просветно дело“, вели организаторот на оваа манифестација Гордана Здравкоска.

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе