Connect with us

Економија

Околу 115 000 граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам од третиот пакет мерки на владата

Avatar

Published

на

Сите граѓани кои ги исполнуваат условите за ваучер за домашен туризам, преку УЈП на својата е-пошта ќе добијат QR код, заедно со упатство за користење на истиот.

Во рамки на третиот пакет економски мерки сите вработени граѓани што примаат нето плата помала од 15.000 денари месечно ќе добијат ваучери од 6.000 денари за домашен туризам и платежни картички за домашни производи и услуги од 3.000 денари.

Ваучерот, во вредност од 6.000 денари, може да се искористи од 15 јули до 15 декември 2020.

Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени околу 115.000 граѓани, со буџет од 16 милиони евра кој е ставен на располагање за поддршка и зајакнување на домашниот туризам.

Економија

Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ

Avatar

Published

на

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Економија

По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра

Avatar

Published

на

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Зголемување  на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.

Прочитај повеќе

Економија

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Avatar

Published

на

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Прочитај повеќе