Connect with us

Радовиш

Анкета: Што мислат граѓаните за прогласувањето на енергетска кризна состојба, ќе има ли ценовен шок

Avatar

Published

на

Греењето со огревни дрва се уште е економски најисплатливо во Македонија. Повеќето од граѓаните во Радовиш зимата ќе ја поминат со греење на  своите домови со огревно дрво, но има и такви кои се греат на пелети или на струја, кое  е еколошки најприфатливо.

Со најавената енергетска кризна состојба од страна на Владата,  која не значи дека ќе има рестрикции на струја, граѓаните сепак стравуваат од ценовен шок и покачување на цената на струјата.  

“Од Министерството за финансии се обезбедени околу 100 милиони евра за да може директно да се интервенира во ЕСМ и МЕПСО за да може МЕПСО да ги покрие долговите кои ги има, а ЕСМ да обезбеди јаглен за производство на електрична енергија“вели министерот за економија Крешник Бектеши во врска со прогласувањето на кризната состојба во енергетскиот сектор.

„Од домашно производство производната цена на електричната енергија изнесува од 56 до 70 евра за мегават час, додека цената на струјата на берзите е 200 евра за мегават час, вели Бектеши кој додава дека со мерките кои ги носат се грижат за граѓаните и домаќинствата за да нема зголемување на цената на струјата но и да нема ценовни шокови.

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе