Connect with us

Економија

Владата со нajновиот сет мерки имаат за цел да го го стимулираат домашниот туризам

Avatar

Published

на

Нajновиот сет мерки на Владата во вредност од 355 милиони евра опфаќа 730 000 корисници и ќе стимулира зголемување на ликвидноста, заштита, промоција и раст на домашната економска понуда, а нуди и поддршка и за земјоделците, како и поддршка на домашниот туризам.

Економските мерки имаат за цел да го го стимулираат домашниот туризам, така што вработените со примања до 15.000 денари месечно ќе добијат ваучер за домашен туризам од 6.000 денари и домашна платежна картичка од 3.000 денари.

Процесот за добивање на платежната картичка „Купувам домашно“ ќе биде едноставен. Граѓаните нема да има потреба да аплицираат. Издавањето ќе биде од 3 јули со рок на искористување до 31 јули, соопшти денеска претседателот на партиската Комисија за економија на СДСМ Кирил Колемишевски.

Владата ќе стави на располагање финансиски средства за поддршка  на Старт ап и мали и микро компании преку комерцијални банки со 10 милиони евра иницијален капитал.

По завршување на здравствената криза земјоделството треба да биде целосно подготвено, бидејќи токму овој сектор во периодот што следува ќе има голем удел во заживувањето на нашата економија. Токму затоа соглансо економските мерки, аграрниот сектор ќе биде поддржан со 5 милиони евра преку Развојната банка.

Економија

Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ

Avatar

Published

на

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Економија

По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра

Avatar

Published

на

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Зголемување  на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.

Прочитај повеќе

Економија

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Avatar

Published

на

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Прочитај повеќе