Connect with us

Економија

Љупчо Јаневски на состанок со Кешник Бектеши со барања за протоколи за работа на угостителите

Avatar

Published

на

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски денеска на состанок со министерот за економија Кешник Бектеши побарал протоколи за работа на хотелите, отворање на камповите, плажите, рестораните за свадби и игротеките.

Главните теми на состанокот беа состојбите во туристичко-угостителскиот сектор во моментот, мерките кои Министерството за економија и Владата ги превзема за справување со кризата предизвикана од Ковид 19 како и проблемите со кои се соочува овој сектор.

Министерот информира дека Програмата за субвенција за кофинансирање на конференции и настани во висина од 50% а најмногу до 30.000 денари подготвена, како и Уредбата со која се олеснуваат условите за категоризација на угостителските објекти за сместување кај физички лица и намалување на бројот на комисијата за категоризација од 13 на 5 члена со вклучување на член од приватниот сектор.

Претставниците од туристичко-угостителскиот сектор потенцираат дека е неопходно што побрзо да се донесат протоколи за работа на хотелите, за што Министерството за економија ќе ги достави препораките од Европската комисија до Комисијата за заразни болести за носење на истите.

Дел од барањата на туристичко-угостителскиот сектор се отворање на авто-камповите и носење на протокол за работа на истите, отворање на плажите, како и ресторани за свадби и игротеки.

Министерот за економија упати порака до туристичко-угостителскиот сектор дека мерките кои Министерството за економија и Владата ги има донесено за помош на најпогодените сектори ќе продолжат да се реализираат се додека трае кризата. Потенцираше дека Министерството за економија и Владата континуирано ја следи состојбата во овој сектор и секоја активност ќе биде во насока на опоравување и помош на најпогодените гранки вo стопанството.

Економија

Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ

Avatar

Published

на

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Економија

По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра

Avatar

Published

на

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Зголемување  на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.

Прочитај повеќе

Економија

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Avatar

Published

на

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Прочитај повеќе