Connect with us

Радовиш

Новогодишна приредба по повод Новогодишните и Божиќните празници на дечињата во градинките во Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Дечињата од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш денеска се претставија со  Новогодишна приредба по повод Новогодишните и Божиќните празници. Во присуство на родителите и воспитувачите, во 29 групи во трите градинки, дечињата со растреперен глас рецитираа песнички посветени на Нова година и Дедо Мраз.

На покана од дректорката  Љупка Тренчева,  Новогодишната приредба ја проследија и  градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, придружуван од секретарот Драги Стојанов, како и заменик генералниот директор  на Рудникот Бучим Николајчо Николов.  Директорката Љупка Тренчева, во оваа прилика се забладгодари на општината за донираниот ваучер на градинката во висина од 240 илјади денари, а на рудникот Бучим за доделувањето на 650 Новогодишни пакетчиња за да се израдува секое дете.

Градоначалникот Конзулов изрази задоволство од укажаната чест  да биде присутен на приредбата како дел од Новогодишната програма на градинката,  и им посака на дечињата среќни Новогодишни празници.

Заменик генералниот директор на рудникот Бучим Николајчо Николов, рече дека традиционалната соработка со градинката ќе продолжи и во наредниот период за дечињата да се чувствуваат посреќни.

Радовиш

Каква вода пијат радовишани, ЈП Плаваја врши редовни контроли на квалитетот на водата за пиење

Виолета | Media Press

Published

on

Според последниот извештај од испитувањата на квалитетот на водата за пиење од ЈП Плаваја, радовишани пијат квалитетна вода  која ги задоволува сите параметри согласно правилникот за безбедност и квалитет на вода за пиење.

Според добиентите извештаи од лабораторијата за испитување на храна и пијалоци, земени се примероци од повеќе локации од Општина Радовиш и резултатите се во границите на нормалата.

Така според приложените извештаи на барање на РТВ Кобра, извршено е испитување на водата за пиење во селата Сулдурци, Злеово, Војславци, Јаргулица и  Покрајчево, како и на  улиците Партизанска, Калузлиска и Индустриска во Радовиш, и на сите извештаи стои дека „Испитаниот примерок ги задоволува барањата на безбедност и квалитет на вода за пиење“.

Повремените прекини во водоснабдувањето како што информираат од Плаваја, се поради непредвидени и непланирани активности на водоводната мрежа.

Од ЈП Плаваја апелираат до граѓаните да ја користат водата за пиење рационално и наменски, а не за наводнување на земјоделски површини и бавчи, како што се открени неколку случаи на  вакво несовесно однесување, со наводнување дури и на  нива со тутун. Додека некои граѓани во повисоките зони во градот со соочуваат со недостиг на вода или слаб притисок.

ЈП Плаваја максимално се залага за воспоставување контрола и во овој дел, со вршење на почести контроли во сомнителните зони во градот, со што ќе бидат преземени и соодветни санкции спрема несовесните граѓани кои приклучуваат вода  за наводнување на диво.

„НАВОДНУВАЊЕТО НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПОВРШИНИ СО ВОДА ЗА ПИЕЊЕ Е НАЈГОЛЕМО ЗЛОСТОРСТВО ШТО МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ ВО ОВОЈ ПЕРИОД, ОСОБЕНО АКО ЗГОРА НА СЕ И ВОДАТА СЕ КРАДЕ БЕЗ МЕРЕЊЕ, БЕЗ ВОДОМЕР. ЕКИПИТЕ НА ЈП”ПЛАВАЈА” СЕ НА ТЕРЕН И ГИ ПРОНАОЃААТ ВАКВИТЕ ЗЛОСТОРНИЦИ КОИ ЈА ДОБИВААТ ПРОПИШАНАТА КАЗНА“, велат од Плаваја.

„АКО ИМАТЕ СОЗНАНИЈА ЗА ВАКВИ ЗЛОСТОРНИЦИ ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ ПРИЈАВЕТЕ ГИ АНОНИМНО НА НАШАТА ВЕБ СТРАНИЦА“ аплеираат од ЈП Плаваја, бидејќи потрошувачката на вода во летниот период енормно се зголемува.

Continue Reading

Македонија

Два нови случаи на Ковид-19 во Радовиш, според вчерашниот извештај на Министерството за здравство

Виолета | Media Press

Published

on

Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19 во земјата, двајца нови случаи во Радовиш, со што бројот на активни случаи повторно се искачи на 12.

Дваесет новозаболени има во Скопје, во Куманово 16, 13 во Штип,  тројца во Тетово, по двајца во Струга и во Охрид, Велес 4,  15 во Кавадарци, десет во Гостивар, по еден во Гевгелија, Неготино, Прилеп, Битола и Демир Хисар, по двајца во Радовиш и во Македонски Брод, тројца во Виница, пет во Свети Николе и седум во Кичево, информира Министерството за здравство.

Направени  се 762 тестирања во државата. Институтот за јавно здравје до вчера регистрира 422 оздравени пациенти, од кои 173 се од Скопје.

Почината е 70-годишна пациентка од Скопје во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11942,  бројката на оздравени пациенти е 8087, на починати е 528, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3327.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, како и 7 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Continue Reading

Радовиш

Општина Радовиш и понатаму останува без градежен инспектор, кој ќе го контролира градежниот сектор?

Виолета | Media Press

Published

on

Кој ќе го контролира градежниот сектор во Општина Радовиш? Општината  останува без градежен инспектор и во наредниот период. Предлог одлуката за соработка со Струмица во делот на градежната инспекција не помина на Совет.

Предлог одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка со Општина Струмица во делот на градежната инспекција не помина на одржаната седница на Совет која што се одржа пред неколку дена.  И покрај барањето од страна на градоначалникот Герасим Конзулов дека општината има потреба од градежен инспектор веднаш и  во  овој период, предлог одлуката не доби подршка, покрај од советниците од опозицијата и од двајца  советниците од владеачкото мнозинство. Советниците Баже Ужевски и Викица Манолева не ја подржаа Предлог одлуката со образложение дека има вработено градежен инспектор во Општината.

 Детално образложение околу оваа предлог одлука даде и раководителот на правниот сектор Оливера Долдурова објаснувајќи од правен аспект зошто  Општина Радовиш има потреба од помош од Струмица во делот на градежната инспекција и дека вработениот градежен инспектор во општината не може да постапува бидејќи не поседува лиценца.

Со недонесувањето на оваа предлог одлука Општина Радовиш и понатаму останува без градежан инспектор, односно нема кој да врши контролира во делот на градежниот сектор.

Continue Reading