Радовиш
Православните верници денеска го слават големиот верски празник Свети Никола
Published
4 години agoна
By
Media PressПо тој повод во црковниот храм Света Троица во Радовиш денеска беше одржана света божествена литургија на која присуствуваа голем број верници.
Свети Никола е роден е во Патара, Ликија, Мала Азија околу 270 година, како единствено дете на неговите родители Теофан и Нина. При неговото крстење го добил името Никола кое во превод значи народен победник. Како дете, со голем восхит пристапувал кон проучувањето на Светото Писмо.
Неговиот духовен живот го стекнал преку неговиот чичко кој исто така бил црковно лице, замонашувајќи се во манастирот Нов Сион. По смртта на своите родители, Никола го продал целиот свој наследен имот и парите од продажбата ги поделил помеѓу сиромасите. Додека бил свештеник во својот роден крај, се прочул со делата на својата милостиња.
Поврзани содржини
СДСМ на Конгрес ги објави носителите на кандидатските листи за пратеници, Венко Филипче ќе биде носител во четворката
Движење ЗНАМ-За наша Македонија ги утврди носителите на кандидатските листи за претстојните избори
Собранието го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики, кој би требало да донесе поевтинување на цените
По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра
8 кандидати во трка за претседател на државата, Пендаровски од СДСМ, Силјановска Давкова од ВМРО ДПМНЕ повторно ќе ги одмерат силите
МТСП со известување за неработен ден
Радовиш
Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна
Published
2 дена agoна
април 17, 2024By
Media PressДолгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.
Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.
Радовиш
Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш
Published
4 дена agoна
април 15, 2024By
Media PressИзложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.
Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.
Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.
Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.
Радовиш
Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш
Published
5 дена agoна
април 14, 2024By
Media PressОпштинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.
Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.
Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.