Радовиш
Велигденска работилница и посета на маскотата „Детелинка“ од радовишката компанија МАКОМ во ДГ „Ацо Караманов“ Радовиш, по повод Велигден
Објавено на
Од
Media PressСо велигденска работилница и посета на маскотата „Детелинка“ од радовишката компанија Маком, детската градинка „Ацо Караманов“ од Радовиш ќе ги дочека Велигденските празници. Дечињата радосни бојадисуваат јаца, симбол на христовото воскресение.

„Секоја година по повод големиот христијански празник Велигден, организираме работилница, базар и други активности со цел да ги запознаеме дечињата со нашата традиција, со празникот и со обичаите. Им благодарам на сите наши вработените кои со многу љубов ги реализираат сите овие активности како и на родителите кои секогаш не подржуваат. Благодарност и на компанијата Маком која и годинава ги израдува дечињата со велигденско пакетче“ вели диркторката на градинката Кристина Бехлимова Трајкова.

Радовишката компанија Маком веќе десетина години им подарува велигденски пакетчиња на дечињата во детските градинки во Радовиш. Годинава подари околу 440 пакетчиња и како што велат од Маком традицијата ќе продолжи и во иднина.




Поврзани содржини

Преку изработки од рециклирани материјали дечињата од градинките од Струмица упатија јасна порака дека од отпад може да се создаде уметност

ДГ „Ацо Караманов“ Радовиш, со ДЕМАНТ НА ОБЈАВЕНИТЕ НЕТОЧНИ ИНФОРМАЦИИ за сериозна повреда на дете

Детската градинка „Ацо Kараманов“, Радовиш ги прави последните подготовки за завршната приредба која ќе се одржи во четврток

Дечињата од градинката во Конче, на забавен начин учеа како правилно да селектираат отпад

Новогодишна приредба на дечињата во ДГ „Ацо Караманов“ во Радовиш

Православните христијани денеска празнуваат Воскресение Христово –Велигден, Трет ден
Радовиш
ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет
Published
4 часа agoна
ноември 16, 2026By
Media Press
Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков Мисирков, во ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш, се одржа научна трибина посветена на неговиот живот, дело и визија.
Трибината беше организирана од библиотеката „Браќа Миладиновци“ , во соработка со Комисијата за култура, образование и спорт на општина Радовиш.
На темата „Мисирков и неговата визија за македонската иднина“ говореа проф. д-р Елка Јачева-Улчар и проф. Јовица Илиќ, кои преку своите излагања го доближија ликот и делото на Крсте Петков Мисирков пред присутните. Модератор на настанот беше Гордана Здравкоска која со професионален пристап, внесе јасност и динамика на настанот.
Преку внимателно осмислените воведувања, промислените прашања и умешното поврзување на излагањата, таа овозможи темата да биде осветлена од различни аспекти, а мислата на Мисирков да се согледа во нејзината историска, јазична и национална длабочина.
Оваа средба имаше и посебна историска симболика. Се одржа непосредно пред 18 ноември, денот на раѓањето на Мисирков во 1874 година, а во годината кога се навршуваат 100 години од неговата смрт (26 јули 1926 година).
Во топла и пријатна атмосфера, исполнета со почит кон македонското историско и културно наследство, трибината обедини гости, пријатели и колеги македонисти во заедничко чествување на личноста чии идеи оставиле длабока и трајна трага во македонската историја.
Радовиш
Кривична пријава за „фалсификување службена исправа“ против двајца полициски службеници од ОВР Радовиш
Published
2 недели agoна
октомври 30, 2026By
Media Press
СВР
Струмица-ОВР Радовиш, до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против Б.Ч.(31) од
село Конче, радовишко, поради постоење на основи на сомнение дека сторил
кривично дело „фалсификување службена исправа“ по член 361 и против Б.Б.(38) од
Радовиш дека сторил кривично дело „соизвршителство“ по член 22, а во врска со
„фалсификување службена исправа“ од Кривичниот законик.
На 13.10.2026, пријавените, полициски службеници од ОВР Радовиш, изготвиле
и приложиле службен извештај со невистинити податоци. Имено, по завршување на
службената задача која им била доделена, подготвиле извештај во кој навеле
период од смената во кој не постапувале по наредбата, а во делот за
контролирани возила внеле податок дека имаат извршено контрола над седум
возила. Таквиот извештај бил потпишан од одговорниот полициски службеник,
првопријавниот Б.Ч.. Во прилог на писмениот извештај доставиле табеларен
преглед во кој имале внесено податоци за контролирани возила со марка,
регистарски ознаки и лице кое го управувало, а времето на контрола кај дел од
возилата било во период за кој претходно сами писмено во извештајот навеле дека
не постапувале по задачи од наредбата. Од дополнително преземените мерки и
извршени разговори со лицата наведени како возачи е утврдено дека на тој датум
не биле запрени и контролирани од полициски службеници.
Радовиш
АХВ со вонредни контроли во месарниците – во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо
Published
3 недели agoна
октомври 29, 2026By
Media Press
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки.

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.
Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл).
Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите.
Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!












