Радовиш
Новогодишни пакетчиња за корисниците од дневниот центар Порака од Радовиш
Published
4 години agoна
By
Media PressВо пресрет на Новогодишните и Божиќните празници и годинава корисницитете на Дневниот центар Порака од Радовиш не беа заборавени од Градоначалникот Герасим Конзулов и од заменик генералниот директор на рудникот Бучим Николајчо Николов. Денеска тие беа изненадени од посетата но и искрено се израдуваа на новогодишните пакетчиња. Раководителот Татјана Костадинова изрази благодарност од името на дневниот центар за укажаното внимание.
Општина Радовиш годинава ќе подари 200 новогодишни пакетчиња, дел од нив и за дневниот центар Порака. Градоначалникот Конзулов денеска им ѓи додели новогодишните пакетчиња, со желби за многу здравје и среќа во новата 2020 година.
Рудникот Бучим во пресрет на новогодишните празницитрадиционално обезбеди ноговодишни пакетчиња за корисниците од Порака кои денеска беа подарени.
Исто така Рудникот Бучим обезбеди дваесет новогодишни пакетчиња и за децата од социјално загрозени семејства, кои денеска беа доставени до ОО на Црвен крст во Радовиш, кој ќе ги достави до семејствата.
Рудникот Бучим во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници обезбеди ноговодишни пакетчиња за дечињата од Детска градинка Ацо Караманов, за Дом за згрижување на деца без родители “Емануел”, за Здружение на турците за хуманитарни и културни активности КУДРЕТ ЈАШАМ ДЕРНЕЃИ, Радовиш, како и за вработените во Рудникот Бучим.
Поврзани содржини
480 новогодишни пакетчиња за дечињата во детската градинка „Ацо Караманов“ -Радовиш донација од рудникот Бучим
Општина Радовиш им додели подарок – училишна опрема на сите првачиња, за среќен почеток на учебната година
Новогодишна еуфорија и во општина Конче, градоначалнико Ристов подари пакетчиња за најмалите
По повод новогодишните и божиќните празници, Градоначалникот Ристов, подари новогодишни пакетчиња
Практични и наменски новогодишни подароци за корисниците од Порака од собраните средства на ,,Радовишка етно софра,,
Рудникот Боров дол ги додели последните новогодишни подароци за дечињата од Општина Конче
Радовиш
Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна
Published
2 дена agoна
април 17, 2024By
Media PressДолгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.
Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.
Радовиш
Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш
Published
4 дена agoна
април 15, 2024By
Media PressИзложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.
Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.
Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.
Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.
Радовиш
Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш
Published
4 дена agoна
април 14, 2024By
Media PressОпштинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.
Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.
Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.