Радовиш
Практични и наменски новогодишни подароци за корисниците од Порака од собраните средства на ,,Радовишка етно софра,,
Published
1 година agoна
By
Media PressКорисниците на ДЦ Порака од Радовиш денеска беа израдувани со практични и наменски новогодишни подароци, подготвени од страна на организаторите на манифестацијата ,,Радовишка етно софра,, од собраните средства од хуманоста на жените кои беа присутни на настанот.
Невладината хуманитарна организација ,,Верица,, од Радовиш, со организација на традиционалната манифестација ,,Радовишка етно софра,, по повод 3 декември Меѓународниот ден на лица со попреченост, собраните средства годинава ги намени за корисниците на Дневниот центар Порака Радовиш и три деца кои останаа без родители.
„Благодарение на успешно реализираниот хуман настан и хуманоста на граѓаните денеска организаторите Верица Ефнушева Ценева и Сунчица Атанасова ги посетија корисниците на Дневниот центар и ги израдуваа со прекрасни новогодишни подароци кои со радост ќе си ги користат бидејќи се практични, наменски и со голема љубов и внимание подготвени. Ви благодариме“, вели Тања Костадинова раководител на дневниот центар Порака од Радовиш.
Инаку овој хуманитарен настан ,,Радовишка етно софра“, се организира по четврти пат со цел да се даде мал придонес и да се израдуваат корисниците на ДЦ Порака со мало внимание, во пресрет на новогодишните празници.
Околу 250 жени од Општина Радовиш се забавуваа но истовремено и беа хумани, со тоа што купуваа од подготвените специјалитети од богатата етно софра, а беа дел и од богатата лотарија.
Поврзани содржини
Новогодишни подароци од рудникот Бучим и годинава за корисниците од ДЦ Порака во Радовиш
По петти пат се одржа хуманитарниот настан „Радовишка етно софра“
По четврти пат РАДОВИШКА ЕТНО СОФРА во организација на хуманитарно здружение „Верица“ од Радовиш
Организиран ручек за корисниците од дневниот центар „Порака“ на кои им беа подарени топли обувки
Скромни подароци за најмалите членови на Здружението на дијабетичари од Радовиш
Новогодишни подароци за децата со посебни потреби и социјално загрозените во Гевгелија
Радовиш
Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна
Published
2 дена agoна
април 17, 2024By
Media PressДолгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.
Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.
Радовиш
Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш
Published
4 дена agoна
април 15, 2024By
Media PressИзложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.
Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.
Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.
Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.
Радовиш
Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш
Published
4 дена agoна
април 14, 2024By
Media PressОпштинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.
Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.
Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.