Connect with us

Гевгелија

Наскоро ќе започне изградбата на атмосферска канализација на улицата Индустриска во Гевгелија

Media Press

Објавено на

На улица Индустриска, се лоцирани најголемите стопански капацитети. Издвојувањето на атмосферската од фекалната канализација на оваа улица ќе се изгради на целата нејзина должина од 320 метри. Имено, со години по ред поради непостоење на атмосферска канализација, при пообилни врнежи од дожд, доаѓаше до поплавување на дворните површини, па и на самите објекти на производните капацитети на „Ноел“, “Конти Хидропласт“, “7 Ноември“ и други стопански капацитети кои се лоцирани токму на оваа улица.


Изградбата на атмосферската канализација ќе чини 3.600.000 денари, кои средства веќе се обезбедени. Имено, 1.753.000 денари се грант од Светска банка за успешно реализираниот проект за изградба на новите училници во СОУ„Јосиф Јосифовски“. Додека преостанатите 1.847.000 денари се обезбедени од буџетот на општина Гевгелија.


-Наша приоритетна цел е, кога станува збор за подобрување на инфраструктурата во општината, да се раздвои атмосферската канализација од фекалната канализација, секаде каде што за тоа постојат услови, се разбира и да се изгради и нова атмосферска канализација. Така, над 1 милион евра од доделениот германски грант преку KFW банката ќе биде наменет за реализација на проектот „Заштита на градот Гевгелија од атмосферски води“ вели градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков.

Со овој проект се предвидува сепарација на досегашниот постоечки мешовит канализационен систем и изградба на нова атмосферска канализациона мрежа со која ке биде опфатен поголемиот дел од урбаното подрачје на град Гевгелија. Но, покрај ова настојуваме да излеземе и во пресрет на барањата и потребите на стопанските субјекти, каков што е случајот со улица Индустриска, на влезот од Гевгелија, каде што гравитираат десеттина стопански капацитети.

 Долги години тие имаа проблеми поради непостоењето на атмосферска канализација на оваа значајна сообраќајница, поради што и овој проект го ставивме меѓу приоритетните, додава Поцков.


Тендерот за изградба на атмосферска канализација на улица Индустриска ќе биде распишан деновиве, а повикот ќе трае 28 дена. По изборот на најповолниот изведувач ќе започне и изградбата на атмосферската канализација.

Гевгелија

Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола

Media Press

Published

на

Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски  регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Прочитај повеќе

Гевгелија

МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници

Media Press

Published

на

Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.

Прочитај повеќе

Гевгелија

На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант

Media Press

Published

на

На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз. 

Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе