Connect with us

Гевгелија

Отворено ново акутно одделение во Психијатриската болница Негорци кај Гевгелија, за акутни состојби во психијатријата

Avatar

Published

на

 На настанот присуствуваа министерот за здравство, д-р Венко Филипче, државниот секретар, д-р Владимир Милошев и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков.

Новото одделение е изградено на локацијата на поранешното одделение од дрвена конструкција, кое беше значително оштетено. Зафаќа површина од 560 м² и е енергетски ефикасно, со термоизолациска фасада, квалитетна столарија, соларен систем и панелен покрив со највисок изолациски коефициент.
Одделението е изградено согласно меѓународни стандарди и искуства за акутно одделение, со поделба на машки и женски пациенти, посебни простории за доктор, сестри и болничари и има посебна соба за фиксација, согласно препораките на Народниот правобранител. Вкупната сума за оваа инвестиција изнесува над 11 милиони денари.

Министерот  Венко Филипче најави дека поддршката на оваа институција ќе продолжи и во наредниот период не само во делот на инфраструктурните зафати, туку и во зајакнувањето на кадровскиот капацитет. Во изминатиот период  покрај реконструкцијата на одредени одделенија  бил примен и нов персонал со што капацитетот на болницата бил зголемен за 10% кога се во прашање докторите и медицинските сестри.

 Во Психијатриската болница-Негорци, во изминатиот период, беше извршена уште една комплетна внатрешна реконструкција на хронично одделение со површина од 450 м². Во ова одделение поставени се нови подови и плочки, целосно нови купатила и тоалети и извршено е реновирање на целата површина на ѕидови и тавани. Исто така, поставена е целосно нова столарија и соларен систем за целото одделение. Вредноста пак на овој инвестициски зафат изнесува 3.045.580 денари.
Покрај инфраструктурните зафати за подобрување на условите за престој и лекување, во оваа здравствена јавна установа извршена е и обнова на стручниот кадар. Во Психијатриската болница се вработени еден специјалист-психијатар, двајца доктори на медицина, пет медицински сестри, еден дипломиран психолог, еден дипломиран социјален работник и еден дипломиран биохемичар.

Гевгелија

Исчезнало лице од Гевгелија, случајот пријавен во полиција

Avatar

Published

на

На 14.03.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Гевгелија, С.З.С.(44) од Гевгелија пријавила дека од јули 2023 година од домот се оддалечил нејзиниот братучед Р.М.(46) од Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем водостопански проект изграден во државата во последните 20 години

Avatar

Published

на

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем капитален проект во последните 50 години, како што беше речено на вчерашниот настан по повод завршувањето од изградбата на браната, со придружни објекти и акумулација на река Конско.

Модерно наводнување на најмалку 6 500 хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет пати, помали трошоци и поконкурентно производство, ќе овозможи браната „Конско“ чија изградба и официјално е завршена.

Инвестиција вредна над 40 милиони евра, обезбедена директно од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Новата вештачка акумулација е изградена со користење најсовремени технолошки методи, по светски стандарди. Водата од акумулациското езеро, освен за наводнување, ќе се користи и за производство на електрична енергија.

Со грант од Кралството Шпанија предвидена е изградба на пловечки фотоволтаици со што ќе се намали цената на водата за наводнување, а ќе се зголеми енергетската независност на државата, беше речено на настанот. Планирани се и 2 мали хидроцентрали во рамките на хидросистемот.

 Покрај гевгелискиот регион, акумулацијата ќе може да ги снабдува со вода за наводнување и Богданци и околината, како и  дојранскиот регион. На настанот свои обраќања имаа претседателот, Стево Пендаровски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и извршниот директор на фирмата изведувач на проектот, Хасан Адали.

Браната „Конско“ е дел од Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско поле“ и е една од најсериозните инвестициии во македонското земјоделство, но и на енергетски план. Акумулацијата ќе овозможи и развој на руралниот туризам, спортски и рекреативен риболов.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат српски државјанин

Avatar

Published

на

На 29.01.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во објект на фарма за свињи во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат П.С.(67) од Република Србија, кој работел како стручен консултант во фармата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Прочитај повеќе