Connect with us

Гевгелија

Во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија предадени во употреба 21 нова училница

Avatar

Published

на

  Во пресрет на Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми септември, во СОУ„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија беа предадени во употреба новоизградените училници. Учениците од овој средноучилишен центар новата учебна година ја започнаа во 21 новоизградена училница, со што се создадени услови за едносменско работење.

Проектот беше реализиран со заем од Светска банка, преку Проектот за подобрување на општински услови (МСИП), но и сопствено учество на општина Гевгелија, По тој повод во СОУ„Јосиф Јосифовски“ беше одржана свеченост на која пред бројните гости, ученици и професори, најпрво, се обрати заменик министерката за финансии, Ширет Елези.

На свеченоста се обрати и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, кој потенцираше дека во пресрет на празникот на независноста на Република Северна Македонија присуствуваме на еден значаен настан. Пред се, за учениците, професорите и вработените во овој училишен центар, но и за граѓаните на општина Гевгелија.
-Со овој инвестиционен зафат уште еднаш ги потврдуваме настојувањата на општина Гевгелија за континуирано подобрување на условите за престој и настава во сите образовни институции.Изградбата на 21 училница претставува најголемиот инвестиционен зафат последнава деценија во образованието на општина Гевгелија.

Со овој проект се обезбедува едносменско работење во ова училиште, но и целосна енергетска заштеда.Изградбата на новите училници чинеше вкупно 40.296.360 денари, од кои 34.700.320 денари се заем, кој општина Гевгелија го доби од Светска банка.
За целосна реализација на проектот општина Гевгелија обезбеди уште 5.596.000 денари од општинскиот буџет, рече Поцков нагласувајќи дека на почетокот од новата учебна година и во другите училишта во општината, иако, во значително помал обем, беа реализирани зафати и активности за подобрување на училишните услови.

Додека пак во централната детска градинка во Гевгелија и во детската градинка во Негорци во тек е целосната замена на столаријата, за што се издвоени 7,3 милиони денари сопствени средства.
-Активности кои само ја потврдуваат грижата што се посветува на образованието и воспитувањето, и преку вакви и слични проекти се настојува да се подобри квалитетот на услугите во сите училишни и предучилишни установи.Во наредниот период ќе следуваат и други, бидејќи наш приоритет е во сите предучилишни и училишни установи, децата и учениците да имаат солидни услови за престој и настава, порача градоначалникот на општина Гевгелија.
На свеченото предавање во употреба на новите училници во СОУ„Јосиф Јосифовски“ свое обраќање имаше и директорот на оваа установа Цветан Нелоски:
-Отворањето и започнуваето со работа во новите училници беше визијата на моите претходници, но остана подеднакво посакувана дестинација за сите кои своето кариерно портфолио ќе го богатат со современиот начин на работење и дејствување.
-Од својот почеток 1952 година, до денес училиштето доживеа многу трансформации, но и промени во однос на просторните услови. Преку користење на искуствата од традицијата, со добра организација и стручен наставен кадар, со максимално ангажирање и мотивирање денес ја постигнуваме крајната цел – модерно и современо училиште.

Денес со право може да се каже дека СОУ „Јосиф Јосифовски“ прерасна во школски центар кој ги исполнува современите стандарди и услови за работење, истакна директорот на СОУ„Јосиф Јосифовски„ Цветан Нелоски.

Гевгелија

Билјана Ванковска од Гевгелија: Нема повеќе попуштање кога се во прашање националните интереси

Avatar

Published

на

Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска, вчера беше во посета на Богданци и Гевгелија.

На средбата Ванковска беше придружувана и од носителот на ИЕ 4, советникот, Сашко Јанчев.

Билјана Ванковска од Гевгелија: Нема повеќе попуштање кога се во прашање националните интереси и дека сите штетни политики по националните интереси ќе бидат поништени.

Носителот на ИЕ 4, Јанчев, истакна дека април и мај се историски месеци во кои народот од Гевгелиско и Богданско правеле историски и судбоносни потези во корист на македонскиот народ и држава.

Затоа не се сомневаме дека и овој мај и април народот од Југот согласно своите традиции повторно ќе донесе историски исправна одлука во овие критични денови за Македонија и ќе ги казни оние кои триесет години ја раскрчмуваат Македонија.

Гевгеличани на плоштадот во Гевгелија ја изразија целосната поддршка и порачаа дека мудроста на Ванковска и младоста и силата на Левица се иднината и спасот на Македонија.

После средбата со граѓаните, Ванковска и Јанчев, положија цвеќе на споменикот на гевгелиските евреи кои биле депортирано од бугарскиот фашистички окупатор и на Спомен костурницата на гевгелиските борци од НОВ.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Исчезнало лице од Гевгелија, случајот пријавен во полиција

Avatar

Published

на

На 14.03.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Гевгелија, С.З.С.(44) од Гевгелија пријавила дека од јули 2023 година од домот се оддалечил нејзиниот братучед Р.М.(46) од Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем водостопански проект изграден во државата во последните 20 години

Avatar

Published

на

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем капитален проект во последните 50 години, како што беше речено на вчерашниот настан по повод завршувањето од изградбата на браната, со придружни објекти и акумулација на река Конско.

Модерно наводнување на најмалку 6 500 хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет пати, помали трошоци и поконкурентно производство, ќе овозможи браната „Конско“ чија изградба и официјално е завршена.

Инвестиција вредна над 40 милиони евра, обезбедена директно од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Новата вештачка акумулација е изградена со користење најсовремени технолошки методи, по светски стандарди. Водата од акумулациското езеро, освен за наводнување, ќе се користи и за производство на електрична енергија.

Со грант од Кралството Шпанија предвидена е изградба на пловечки фотоволтаици со што ќе се намали цената на водата за наводнување, а ќе се зголеми енергетската независност на државата, беше речено на настанот. Планирани се и 2 мали хидроцентрали во рамките на хидросистемот.

 Покрај гевгелискиот регион, акумулацијата ќе може да ги снабдува со вода за наводнување и Богданци и околината, како и  дојранскиот регион. На настанот свои обраќања имаа претседателот, Стево Пендаровски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и извршниот директор на фирмата изведувач на проектот, Хасан Адали.

Браната „Конско“ е дел од Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско поле“ и е една од најсериозните инвестициии во македонското земјоделство, но и на енергетски план. Акумулацијата ќе овозможи и развој на руралниот туризам, спортски и рекреативен риболов.

Прочитај повеќе