Connect with us

Струмица

Хидрантска мрежа – проблем за пожарникарите

Avatar

Published

на

Лошата хидрантска мрежа е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат пожарникарите од струмичкиот регион при нивната работа.  Овој проблем посебно е изразен во селата  од регионот каде бројот на надворешни хидранти е многу мал. Во дел од населените места тие не се функционални, а во голем дел и воопшто не постојат. Од територијалната противпожарна единица велат,  поради ова во случај на интервенција тие се принудени  да губат драгоцено време и за полнење на возилата да патуваат по петнаесетина и повеќе  километри назад.

,, Ги има подземни и надземни хидранти. Дел од подземните хидранти се затрупани. Причинува голем проблем, бидејќи доколку излеземе во некое населено место на пример што е оддалечено 10 до 15 километри од градот треба ПП возилото повторно да се врати назад во ПП единицата да го дополни возилото. Доколку има во тоа населено место хидрант и е во исправна состојба тоа време нема да го изгубиме и последиците и штетите ќе бидат многу помали.,, вели АЛЕКСАНДАР ГУДЕВ – КОМАНДИР НА ТППЕ СТРУМИЦА

Потврда за лошата хидрантска мрежа дадоа и од дирекцијата за заштита и спасување. Од таму потенцираа дека обврската за обезбедување на  на  надворешни хидранти е на општините, односно комуналните претпријатија. По извршените инспекциски надзори веќе било дадено  укажување за исполнување на оваа обврска.

,,Самите општини, односно јавните комунални претпријатија се должни да изготват шема на надворешни хидранти, истата да ја достават до дирекцијата и до територијалната против пожарна единица. При инспекциските надзори на самите општини им е укажано на таа нивна обврска и истите се работат бидејќи за нив треба основен проект и идеен проект бидејќи мора да се направи според закон. Вели МИТКО ДИМЧЕВ – ИНСПЕКТОР ВО ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИА И СПАСУВАЊЕ

Од дирекцијата потенцираат дека согласно законот за заштита и спасување предвидени се и казни за сите одговорни  кои нема да ги испочитуваат своите обврски. Од таму се надеваат дека до ова нема да дојде, а надлежните ќе ги завршат нивните обврски. Пред неколку години со казни се соочиле неколку општини од регионот кои не спровеле мерки не само за пожари туку и за поплави, евакуација и санации на терен.

прикажи повеќе
Advertisement
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Струмица

Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово

Avatar

Published

на

Вчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

Прочитај повеќе

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило

Avatar

Published

на

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе