Connect with us

Струмица

Опремата и возилата од вежбата Одлучен удар презентирани пред струмичани

Avatar

Published

на

Возилата, вооружувањето и опремата кои се користат во најголемата воена вежба во државата ,,Одлучен удар,, презентирани пред граѓаните на Струмица. Градскиот парк беше локацијата на која заинтересираните граѓани имаа можност одблиску да се запознаат со опремата, постапките и процедурите кои ги извршуваат припадниците на армиите учеснички на оваа досега најголема воена вежба кај нас.

 Целта на овие отворени денови  кои освен во  Струмица беа реализирани во уште неколку други градови од државата е остварување на директен и непосреден контакт со што поголем број граѓани и нивно запознавање не само со вежбата туку и со опремата и вооружувањето како на македонската армија така и на стратешкиот партнер.  Отворениот ден во Струмица побуди голем интерес кај граѓаните, а најзаинтересирани за опремата вооружувањето и воените возила беа најмладите.

„Одлучен удар“ е досега најголема вежба која ја организира нашата армија во која учествуваат околу 2.700 војници од армии на уште пет сојузници – САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора. Нашата армија и војската на САД учествуваат со по 1.300 војници, додека Црна Гора со 75, Литванија 10, Бугарија 25 и Албанија со 25 војници.

Вежбата која започна на 5 јуни на армискиот полигон Криволак и  ќе трае до 9 ти јули има за цел зајакнување на стандардните оперативни процедури на единиците од составот на армијата, подобрување на интероперабилноста и унапредување на заемното разбирање и доверба и зајакнување на меѓусебната соработка

прикажи повеќе
Advertisement
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило

Avatar

Published

на

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Лишени од слобода три лица од струмичко, агресивно се однесувале кон полициски службеници

Avatar

Published

на

На 20.03.2024 во 22.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Т.(31) од Струмица, О.К.(42) и П.С.(31), двајцата од село Баница, струмичко, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе