Connect with us

Струмица

Заврши 7от Конгрес на педијатри во Струмица

Avatar

Published

на

Повеќе од двеста учесници, од кои педесет еминентни професори и лекари од Македонија, но и од Турција, Албанија, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Косово и Црна Гора, беа дел од 7от Конгрес на педијатри со меѓународно учество во организација на Здружението на педијатрите на Македонија.

Овој Конгрес имаше за цел да поттикне размена на знаења и искуства помеѓу стручниот кадар од Македонија и Европа во областа на педијатријата, за подобрување на секојдневните практики, начин на третирање и протоколи.

Покрај стандардните теми од различни области на педијатријата и превентивната медицина, главни теми за овогодинешниот 7-ми Конгрес беа: пулмологија со алергологија, превентивна педијатрија, неврологија со развојна педијатрија, ретки болести, хематологија со педијатриска онкологија и неонатологија. Конгресот се одржа во Струмица, во хотелот Сириус, а траеше од 25ти до 28ми Јули 2019 година. Покрај стручните предавања имаше и саем на кој излагачи беа 19 компании, тесно поврзани со педијатријата.

прикажи повеќе
Advertisement
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило

Avatar

Published

на

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Лишени од слобода три лица од струмичко, агресивно се однесувале кон полициски службеници

Avatar

Published

на

На 20.03.2024 во 22.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.Т.(31) од Струмица, О.К.(42) и П.С.(31), двајцата од село Баница, струмичко, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе