Connect with us

Струмица

Обвинение против едно правно и две физички лица поради хеликоптерската несреќа кај Струмица

Avatar

Published

на

По пет години од хеликоптерската несреќа кај Струмица во која загинаа четворица припадници на МВР поднесено е обвинение против едно правно и две физички лица.

Обвинението за несреќата која се случи на 10 јули 2014 година  ОЈО Струмица го поднело во април годинава. Од струмичкиот основен суд ја потврдија информацијата.

Портпаролот на судот, судијата Цона Каламерникова информираше дека од страна на обвинителството во април бил поднесен обвинителен акт. Советот за оценка на обвинение го разгледал предметот и на 28 мај го одобрил обвинението. Според информациите од судот датум се уште нема, но она што е познато дека судењето треба да започне на почетокот од септември.

Хеликоптерската несреќа во која загинаа пилотите на МВР  Драги Мицев, началник на воздухопловните сили , Маријан Трајковиќ, пилот-капетан , Тоде Орешков, воздухопловен инспектор за лиценцирање на воздухопловен персонал, и Илјо Лопатички, командир-пилот се случи пред точно пет години  на 10 јули  во близина на кванташкиот пазар кај Струмица за време на ноќен тренажен лет . Полицискиот МИ – 17 летал на релација Скопје-Велес-Неготино-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и обратно. Во моментот на уривањето леталото удрило во антенски  столб на македонската радиодифузија , а четворицата пилоти починале веднаш.

прикажи повеќе
Advertisement
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Струмица

Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово

Avatar

Published

на

Вчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

Прочитај повеќе

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило

Avatar

Published

на

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе