Connect with us

Струмица

Десета трка на келнери во Струмица

Avatar

Published

on

Плоштадот Гоце Делчев беше мегданот на кој келнерите од Струмица си ги одмерија силите и ги покажаа вештините во нивната професија. За награден фонд од 39.000 денари се натпреваруваа вкупно 16 келнери од повеќе угостителски објекти.  Најбрз и највешт меѓу сите нив беше Горан Митев  кој си замина награда  од 15.000 денари. За него ова не беше ниту прво учество,  Ниту пак прва награда на трката која веќе прераснува во традиција.

Победник беше Горан Митев кој си замина со награда  од 15.000 денари

Вредни награди беа обезбедени и за второто и третото место.  Келнерите кои се пласираа на овие позиции велат дека воопшто не било лесно и потврдија дека покрај искуството потребни биле брзина и вештина, а секој од нив имал по некоја мала тактика. Освен брзината и вештините во нивната професија келнерите покажаа и дека се хумани.

Годинава, храброст на се натпреварува со своите колеги собра и една од припадничките на понежниот пол. Силвија Стојкова беше единствениот женски натпреварувач. Таа немаше доволно среќа да стаса во финалето и доби само утешна награда, но ги собра симпатиите на сите од публиката и ја имаше најсилната поддршка в однос на нејзините противници.

Трката на келнери во Струмица годинава го имаше јубилејното, десетто издание. Во изминатите десет години на трката учествувале над 200 келнери од Струмица и регионот. Осум од вкупно десетте години траење трката е дел од официјалната програма на Струмица опен фест кој оваа година трае скоро три месеци со преку на триесетина настани кои се одржуваат на 13 различни локации.

прикажи повеќе
Advertisement
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Струмица

Советот на општина Струмица на последната седница го усвои кварталниот извештај за извршување на Буџетот

Виолета | Media Press

Published

on

Членовите на Советот на општина Струмица на одржаната 40-та седница го усвоија кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за третиот квартал од 2020 година. Детален извештај пред советниците даде градоначалникот Коста Јаневски.

Вкупните приходи на буџетот на општина Струмица во деветте месеци од оваа година имаат реализација од 55 проценти. Вкупните приходи ги сочинуваат основниот буџет кој е реализиран со 44 проценти во однос на планираното, наменските дотации 75 проценти, самофинансирачките активности 26 посто од планираното, донациите имаат реализација од 28 проценти и во делот на кредити има реализација од 26 проценти.

Кај основниот буџет, реализираните расходи се поголеми од реализираните приходи за 7.001.426 денари за кој износ се искажува дефицит кој се покрива од пренесенотот салдо од минатата година на буџетската жиро сметка, дефицит се појавува и кај самофинансирачките активности од 1.582.607 денари којшто исто така се покрива од пренесеното салдо од минатата година.

Во однос на минатата година процентот на реализација на вкупните приходи е ист, 55 проценти, а ист е и процентот на реализација на основниот буџет.

На седницата беа усвоени и предлог – одлуките за пренесување на користењето и управувањето со фекалните канализациони системи во населените места Дабиле и Просениково и изработка на проект за атмосферска канализација во населеното место Муртино.

Зелено светло од советниците добија и извештајот за реализација на Програмата за одржување на улиците во град Струмица и населените места, како и локалните патишта во општина Струмица за 2019/2020 година во зимски услови и предлог – Програма за одржување на истите за 2020/2021 година, годишниот план за вработување на ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица за 2021 година и барањето за прием на помал број деца.

Беа усвоени и повеќе предлог-одлуки од областа на урбанизмот, предлог – одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Струмица и Општина Демир Капија и предлог-одлуката за доделување на парична помош на Петре Попов од Струмица.

Continue Reading

Струмица

„Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ во Струмица им го менува животот на зависниците

Виолета | Media Press

Published

on

 Проектот „Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ преку Центарот за развој на Југоисточен плански регион во партнерство со  Здружението за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанци – ИЗБОР од Струмица, поддржан од  Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа е навистина еден уникатен пример како да им се помогне на оние кои се зависници од психоактивни супстанци, од алкохол, дрога, и тоа на начин на кој тие ќе бидат ресоцијализирани, не само лекувани.

Токму преку проектот ќе се овозможи унапредување на постоечките услуги во југоисточниот регион за подобро вклучување на маргинализираните лица на пазарот на труд. Во износ од над 6 милиони денари набавена опрема потребна за работно оспособување за пекарство, пакување на производи, градинарство и цвеќарство со цел збогатување на програмата за реинтеграција за стекнување на вештини на професионално оспособување за маргинализирани лица.

– Овој проект во соработка со Министерството за локална самоуправа е навистина еден оригинален пример како да им се помогне на оние кои се зависници, на начин на кој тие ќе бидат ресоцијализирани, не само лекувани. Токму тука не само што се рехабилитираат зависниците од психоактивни супстанци туку и работат, се социјализираат, и на тој начин стануваат активни на пазарот на трудот. Овој пример ние треба да се преслика во други региони во државава каде што исто така постои проблемот на зависности, рече Зоран Димитровски, заменик министер за локална самоуправа.

Според Коста Јаневски, градоначалникот на општина Струмица ова е уште една успешна приказна во рамките на општина Струмица, која со голем дел е потпомогната од Швајцарската Амбасада.

– Овој проект е успешна приказна за општината, така што се повеќе е препознаен во нашата држава и по чии тек и други региони заинтересирани се обидуваат да создадат една таква комуна која што преку работна ангажираност се прави реинтеграција на луѓето кои што се во одреден ризик од одредени зависности, да се вратат во општеството, појасни тој.

За Сократ Манчев, претседателот на здружението ИЗБОР овој проект финансиран од Министерство за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка нуди можност за професионална рехабилитација заради реинтеграција на лица со попреченост, и други маргинализирани групи.

– Самиот проект предвидува голем склоп на активности, економски активности преку кои ќе се обидеме не само да ги вработиме тие луѓе, да им најдеме работа, туку и да направиме една само-одржливост на нашата организација, појаснува Манчев.

Continue Reading

Струмица

Втор слој асфалт на дел од улиците во Струмица со што се подобрува инфраструктурата во градот

Виолета | Media Press

Published

on

Општина Струмица започна со поставување на втор слој асфалт на дел од улиците во градот, согласно планираната динамика за оваа тековна година. Претходно беа озвршени сите потребни  подготовки.

Втор слој асфалт е ставен на улицата „Максим Горки“ на површина од 1.800 метри квадратни, а во текот на утрешниот ден ќе се асфалтира на улицата „Атанас Караман“.

Општина Струмица им благодари на граѓаните за разбирањето и почитувањето на привремениот режим на сообраќај на улиците каде што деновиве се одвиваат градежните активности.

Исто така Општина Струмица ја подобрува инфраструктурата во близина на туристичките локалитети и културно – историските знаменитости.

Уредувањето на околината во близина на манастирот „Св.Леонтиј“ во Водоча коешто започна во месец мај годинава, се врши според планираната динамика.

Проектот којшто во целост е финансиран од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка 2014 – 2020 година опфаќа изградба на парк во близина на манастирот, уредување на влезот на населеното место Водоча и изградба на патека до помошните објекти на манастирот.

Continue Reading