Со проектот Струмица –
Ќустендил ќе се подобри туристичката инфраструктура во околината на манастирот
„Свети Леонтиј“ во село Водоча општина Струмица. Со
уредување на пристапни патеки од реден камен, чистење и хортикултурно уредување
на просторот, заштитни зидови и огради на река
Водочница,
одмаралиште со најсовремена урбана опрема за посетителите и други активности.
За таа цела градоначалникот на Општина Струмица Коста Јаневски, во Министерството за регионален развој и јавни работи на
Република Бугарија, потпиша договори за два нови проекта од Програмата за
прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.
Со проектот Петрич –
Струмица, ќе се
подобри институционалната подготвеност на Терторијалната противпожарна единица
при Општина
Струмица за заштита и спречување на природни непогоди и катастрофи, преку набавка на современо повеќенаменско возило за реакција при пожари
и поплави.
Струмица е единствената македонска општина која
доби два проекта од оваа програма во вкупна вредност од околу 450.000 евра, информираат од општина Струмица.