Радовиш
Прехранбени пакети за социјални семејства во Општина Радовиш, за претстојните божиќни празници
Објавено на
Од
Media PressЗа секое семејство да има полна божиќна трпеза за божиќните празници, рудниците Бучим и Боров Дол во соработка со Општина Радовиш и Црвен крст од Радовиш, донираа 120 прехранбени пакети за социјално ранливи семејства. Од Бучим и Боров Дол апелираат до останатите компании кои се во можност, да бидат општествено одговорни и да НЕ ГИ ЗАБОРАВАТ ОНИЕ НА КОИ ИМ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ.

Оваа акција која целосно ја поддржаа општествено одговорните компании Бучим и Боров дол, ја спроведе општина Радовиш во соработка со општинската организација на Црвениот крст и Центарот за социјални работи.
Во организирана акција на Црвен крст и Општината пакетите денеска беа дистрибуирани до семејствата.
Поврзани содржини

Продолжува традицијата за доделување на социјални пакети за Божиќните празници

Азески во посета на рудниците „Бучим“ и „Боров Дол“: Рудниците ќе се вратат со производството ако цената на струјата е под 250 евра за мегават час

Здружението на пензионери од општините Радовиш и Конче и годинава ќе додели 80 прехранбени пакети

Рудниците Бучим и Боров Дол и годинава ги израдуваа дечињата во градинките во Радовиш со новогодишни пакетчиња

80 прехранбени пакети на болни и изнемоштени пензионери од општините Радовиш и Конче по повод велигденските празници

Обезбедени 658 пакети со храна за жртви на семејно насилство во државата
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



