Connect with us

Радовиш

Продолжува традицијата за доделување на социјални пакети за Божиќните празници

Media Press

Објавено на

Рудниците Бучим и Боров Дол и годинава не ги заборавија социјално ранливите категории граѓани за божиќните празници. Во организација на Општина Радовиш и Црвн крст од Радовиш, рудниците  донираа 100  пакети со прехранбени производи за да ја збогатат празничната трпеза и на оние кои тоа неможат да си го дозволат.  

„На прагот на претстоечките Божиќни празници, ја докажуваме нашата колективна свесност и општествена одговорност за семејствата кои од било која објективна причина не се во можност самостојно да ги набават неопходните прехранбени производи, потребни за достоинствено дочекување на Бадниковата вечера и Божиќ“ велат од општината.

Од Менаџерскиот тим на Бучим апелираат и до останатите компании да бидат оптествено одговорни и хумани, да донираат и догодина да се соберат на овој ден во што поголем број.

Оваа акција која целосно ја поддржаа општествено одговорните компании Бучим и Боров дол, ја спроведе општина Радовиш во соработка со општинската организација на Црвениот крст.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе