Connect with us

Радовиш

Рудниците Бучим и Боров Дол и годинава ги израдуваа дечињата во градинките во Радовиш со новогодишни пакетчиња

Media Press

Објавено на

Во рамките на новогодишната програма на детската градинка Ацо караманов во Радовиш денеска во трите објекти беше одржана новогодишна приредба на која беа доделени и новогодишни пакетчиња на дечињата, донација од рудниците Бучим и Боров Дол.

Новогодишната програма во објектот „Детско изворче“ ја проследија и двајцата директори на Бучим и Боров Дол, Олег Чусовитин и Ивица Карапетров, кои беа воодушевени од истата. Срдечно добредојде им посака директорката на градинката Љупка Тренчева која се заблагодари за донацијата од 450 новогодишни пакетчиња со што ќе се израдуваат детските срца.

„Рудниците Бучим и Боров Дол традиционално секоја година донираат новогодишни пакетчиња за дечињата во детската градинка, за да изнудат детска насмевка. Годинава беа донирани околу 450 пакетчиња во Радовиш,  а пакетчиња ќе добијат и дечињата во детската градинка во Конче“, рече Прес- секретарот Кристина Крстева во името на менаџерскиот тим на двата рудника.

Дечињата се претставија со пригодна програма и се израдуваа на новогодишните пакетчиња.

На крајот на гостите им беа подарени пригодни новогодишни подароци изработени од дечињата и од воспитувачите со што им изразија благодарност за несебичната поддршка, а воедно им посакаа среќни новогодишни и божиќни празници на ракводството на Бучим и Боров Дол.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе