Connect with us

Гевгелија

Зајакнување на финансискиот капацитет на општините

Media Press

Објавено на

Заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Палески, оствари работна посета на Општина Гевгелија и притоа оствари средба со градоначалникот Сашо Поцков.

Општина Гевгелија со поддршка на Министерството за локална самоуправа реализира неколку проекти, како преку Бирото за регионален развој, така и преку ИПА-ППС со Грција и Бугарија. Станува збор за проекти со кои се поттикнува регионалниот развој, но, исто така се подобруваат и условите за живот.
-Во моментот пред реализација се два проекти финансиски поддржани од Бирото за регионален развој, изградбата на пречистителна станица во Моин, чија вредност е 7.173.323 денари, од кои 4.722.708 денари сопствено учество, а за која веќе е избран најповолниот изведувач, кој наскоро ќе биде воведен во работа.

Исто така, пред изведба е и првата фаза од ревитализација на патот Богородица-Стојаково- крстосница со регионалниот пат Гевгелија-Богданци, во вредност од 8.764.385 денари од кои 511.037 денари е сопствено учество. Овој проект, како и втората фаза од ревитализација на овој пат, за кој треба да биде распишан тендер, се реализираат преку Југоисточниот плански регион.

 Паралелно, во општина Гевгелија завршена е релизацијата на проектот за уредување на излетиштето Динќут преку ИПА-ППС со Бугарија, а во тек е изведбата на проектот за регулација на дел од коритото на Сува река преку ИПА-ППС со Грција. И за двата проекти националното учество го обезбедува Министерството за локална самоуправа, информираше градоначалникот Сашо Поцков, изразувајќи задоволство од досегашната успешна соработка со ова министерство.
Заменик министерот Дејан Павлески укажа на новите можности што се отвораат за општините преку неколку проектни линии што ги обезбедува Министерството за локална самоуправа. Притоа, посебно се осврна на најавената децентрализација потсетувајќи на заложбата на ЗЕЛС за зголемена наплата на данокот на имот во сите општини.
-За таа цел со УСАИД веќе работиме на заеднички проект за јакнење на капацитетот на општините за зголемен прилив на средства од локалните даноци преку преоценка на наплатата на данокот на имот. Исто така, зајакнувањето на финансискиот капацитет на општините ќе се спроведува и преку новите методи за пресметување на ДДВ. Паралелно со ова ќе се настојува да се зголеми и вклученоста на граѓаните за која цел се неопходни промени во статусот на месните заедници, истакна Дејан Павлески, најавувајќи дека во наредната година може да се очекува децентрализација на дел од надлежностите во земјоделството, културата и социјалната заштита.

Гевгелија

Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола

Media Press

Published

на

Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски  регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Прочитај повеќе

Гевгелија

МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници

Media Press

Published

на

Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.

Прочитај повеќе

Гевгелија

На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант

Media Press

Published

на

На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз. 

Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе