Connect with us

Македонија

Серафимовски: СДСМ денес се обидува да глуми спасител на земјоделството што со години системски го ослабуваше и уништуваше

Media Press

Објавено на

Министерот Серафимовски со реакција на предлог-закон на СДСМ за подршка на земјоделците.

„СДСМ денес се обидува да глуми спасител на земјоделството што со години системски го ослабуваше и уништуваше. Зад нивното владеење останаа натрупани неисплатени обврски, несигурен откуп, производство без предвидливост и земјоделци принудени секоја сезона да живеат во понижувачка неизвесност и да чекаат нова интервентна мерка. Сега, наместо политичка одговорност за таквиот модел, нудат уште една негова верзија, која не ги отстранува причините поради кои проблемите се повторуваат“, вели министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.

„Предлог-законот за финансиска поддршка за намалување на последиците од економската криза во 2026 година врз производството и откупот на земјоделските производи е очаен обид со еднократни исплати да се покријат последиците од нивното управување со лозарството, градинарството, поледелството, оризопроизводството и сточарството.

Законот за вино, донесен во времето на СДСМ, е највидлив доказ за слабоста на нивниот пристап. Тој не воспостави рамноправни односи меѓу производителите и откупувачите, не обезбеди предвидлив пласман и дозволи неизвесноста да се повторува пред секоја берба.

Уште поопасно е што со предложениот модел сакаат да го одржат во живот фиктивното производство, оставајќи простор за двојно прикажување на количините и злоупотреба на субвенциите. СДСМ да не се надева дека преку нови предлози ќе го продолжи системот во кој фиктивните производители профитираат на грбот на чесниот и вреден македонски земјоделец.

На тој модел му ставаме крај. Државната поддршка повеќе нема да биде плен за ловците на субвенции, туку развоен инструмент за земјоделците што навистина произведуваат. Со новиот Закон за уредување на пазарите со земјоделски производи, кој е во завршна фаза на подготовка, темелно го менуваме системот што СДСМ го остави зад себе.

Јавно порачувам дека завршува времето на фиктивни површини, непрегледни исплати и политичко тргување со земјоделската мака. Воспоставуваме систем во кој секој денар ќе следи реално производство, а чесниот труд на македонскиот земјоделец ќе биде заштитен, почитуван и соодветно вреднуван“, вели Серафимовски во  ФБ објава.

Од Месно здружение на Млади Муртино претходно реагираа на социјалните мрежи:

„ Ако министерот и министерството се иззема од одговорност како што тоа го кажува конкретно за договорот од 11.08. за кој излезе на прес конференција и ги соопшти цените кои што мора да се почитуваат, тогаш како и кој ќе го контролира тоа планирано производство за кое што зборува за во иднина?! Без празни зборови, на седница на влада предложете дополнителна финансиска помош 10ден/кг за производителите на куртовска капија!“

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе