Радовиш
Анкета: Како ја оценуваат граѓаните 2020 година и што очекуваат од новата 2021
Објавено на
Од
Media PressНовата 2021 година граѓаните ќе ја дочекаат во своите домови во кругот на семејството. Поради актурлената сосотојба со корона вирусот рестораните не работат, забранети се секакви прослави, а на сила е и забраната за групирање на повеќе од 4 лица. Повеќето граѓани 2020 ја оценуваат како една од најлошите години, во која како да застана животот поради пандемијата со Кови -19. За новата година речиси сите посакуваат здравје, да исчезне корона вирусот и да се ослободат од маските.
Годинава се забранети и спектакуларните прослави на плоштадите, каде што се собираа голем број граѓани, така што единствено преостанува да се подготви богата трпеза и пријатна новогодишна атмосфера, во кругот на семејството. Од продавниците за новогодишни украси велат дека граѓаните годинава повеќе сакаат да си го украсат својот дом, со цел во што попријатен амбиент да ја дочекаат Новата година, но и за да им биде посреќна.
Поврзани содржини

Општина Василево започна со креирање на Буџетот за 2027 година, преку средби со граѓани

Жител од Горни Липовиќ, држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција

Се прибираат предлог проекти кои ќе бидат дел при креирање на Буџетот на Општина Радовиш за 2025 година

Анкета: Што мислат граѓаните за прогласувањето на енергетска кризна состојба, ќе има ли ценовен шок

Вчера вкупно се вакцинирале 14.554 граѓани во државата

(Видео) АНКЕТА: Дали радовишани би се вакцинирале и нивното искуство со Ковид -19
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

