Радовиш
Мирче Василев од Радовиш по втор пат ја освои титулата на блаканскиот натпревар во кик бокс „Балкан бест фајтерс“
Објавено на
Од
Media PressМладиот и надежен радовишанец Мирче Василев кој беше дел од македонската кик бокс експедиција, по втор пат ја освои титулата на блакански натпревар кој се одржа во Јагодина, Србија. Тој веќе 6 години активно тренира во Клубот „Muay Thai Combat“ Радовиш и постигнува резултати, со кои Радовиш се гордее.
„Овој турнир го освојувам по втор пат, и овој пат ја одбранив титулата. Се борев против искусно момче од Бугарија, но сепак го победив“, рече Мирче, кој има 18 години и е ученик во средното училиште во Радовиш.
Мирче вели дека се работи за ризичен спорт, а понекогаш има и повреди, но тој не се откажува и со напорно тренирање по двапати дневно, оди кон целта.
На одржаниот балкански турнир учествувале 7 земји од Балканот со 378 натпреварувачи. Македонија учествувала со 38 кикбоксери меѓу кои и Мирче од Комбат-Радовиш. Ова беше прв настап на македонските кикбоксери по прогласувањето на пандемијата во март.
„Балкан бест фајтерс“ требало да се одржи во Ниш, но поради пандемијата на коронавирусот турнирот се одложил и се презакажал за Јагодина. На турнирот покрај натпреварувачи од Македонија учествувале и од Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Молдавија, Црна Гора и Хрватска.

Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



