Categories: Uncategorized

Филипче помеѓу земјоделците во Босилово: Тотална негрижа на Владата на Мицкоски

Линк до видео:  https://www.youtube.com/watch?v=lkqy7NHPbiQ

Денеска сме во посета во земјоделскиот регион на Босилово, на средба со земјоделците. Како што тоа вообичаено го слушаме целиот изминат период, веќе повеќе од една година од буквално сите земјоделци во земјава од сите региони, дека секој еден сектор во земјоделството е соочен со големи проблеми и предизвици, така и денес луѓето кои што произведуваат и одгледуваат раноградинарски култури, јачмен, зелка, цвекло, сите се соочени со истите проблеми.

Нема исплата на субвенции и многу екстремно ниски откупни цена. Ова е само уште еден знак за тоталната негрижа на Владата за секторот земјоделство. Вкупната сума на субвенции е намалена. Укинати се парите од ИПАРД програмите од Европската Унија, затоа што се фатени претставници на власта во директна корупција.

Едноставно наместо да се даде поддршка на луѓето кои што ја хранат земјата, наместо да се даде поддршка на луѓето кои што може да го зајакнат секторот земјоделство и да бидеме главни извозници на храна и да го храниме целиот регион, ние сме соочени да целиот сектор земјоделство во државата изумира.

Земјоделците нема да работат повеќе поради тоа што никој не води грижа за нивните големи трошоци кои се екстремно високи, за нивните ниски откупни цени, едноставно луѓето не можат да преживеат. 

И каков врв на лицемерие токму денеска во Струмица, во овој регион, ВМРО организираната криминална група слави роденден.  Гледам дека се фалат со некој слоган „Македонија забрзува“, може да им го честитам роденденот со тоа што Македонија забрзува со нив единствено кон пропаст.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago