Василево

Во Василево ќе биде промовирана кампањата „Македонско Најдобро“

Во Василево ќе биде промовирана кампањата „Македонско Најдобро“

Денес, 12.06.2026 година (петок), со почеток во 14:00 часот, во Домот на културата во Василево ќе се одржи промоција на националната кампања „Македонско Најдобро“, организирана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Oпштина Василево ги поканува, сопственици на мали преработувачки капацитети, трговци и заинтересирани граѓани од општина Василево да присуствуваат и да се запознаат со можностите што ги нуди оваа иницијатива.

„Македонско Најдобро“ е национална платформа создадена за поддршка, промоција и поголема видливост на домашните земјоделски производи и преработки.

Преку современи дигитални алатки се отвораат нови можности за поврзување на производителите со пазарот и за зголемување на конкурентноста на македонските производи.

Да го поддржиме домашното производство и заедно да придонесеме македонските производи да го добијат местото што го заслужуваат!

Добредојдени сте сите!

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago