Македонија

Граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување на мотоцикл до 125cm³ во автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија

Од утре граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување на мотоцикл до 125cm³ во автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија

Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни формално правни и технички предуслови за да се започне со имплементација на законските измени кои се однесуваат на управување на мотоцикл до 125cm³. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди можат да спроведуваат и издаваат автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија. Обуката трае четири часа и опфаќа клучни теми за безбедноста: заштитна опрема, контрола и стабилност на мотоциклот, превоз на сопатник и справување со ризици на патот.

Воедно, ги информираме граѓаните дека потребно е кандидатот да достави лекарско уверение, како и потврда дека нема забрана за управување од „Б“ категорија. Доколку лицето кое се стекнало со потврда добие забрана за „Б“ категорија автоматски повлекува и забрана за управување со потврдата.

МВР ги потсетува граѓаните дека оваа задолжителна обука се однесува за лица кои имаат минимум 23 години возраст и поседуваат минимум пет години важечка возачка дозвола од категорија „Б“, не помлади.

Напоменуваме дека не смее да се управува мотоцикл до 125см3 доколку не се помине теоретската обука и да се обезбеди потврда од автошкола.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago