Македонија

Денеска матурантите го полагаат вториот екстерен испит од државната матура

Над 12 илјади ученици денес го полагаат вториот екстерен испит од државната матура во учебната 2025-2026 година. Тестот по мајчин јазик се реализира во училиштата каде има услови согласно регулативата, а дел од матурантите полагаат во амфитеатрите и предавалните во најблиските факултети.

Увид во полагањето изврши заменик министерот за образование и наука Дритон Сулејмани, кој ги посети средните училишта „Цветан Димов“ и „Зеф Љуш Марку“ во Скопје. 

„Според сите пристигнати информации, државната матура се одвива согласно сите процедури и протоколи на Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар. Вклучените во имплементацијата обезбедуваат уреден, транспарентен и правичен процес за сите матуранти“, рече Сулејмани. 

Потенцираше дека државната матура претставува важен момент, бидејќи е потврда за посветеноста на учениците во текот на школувањето и потврда за знаењето кое тие го поседуваат. Дипломата која ќе ја добијат е услов за продолжување во високото образование и за вклучување на пазарот на труд.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago