Струмица

Општина Струмица започнува со спроведување на кампања за безбедно управување електричен тротинет

Општина Струмица, преку алатката Локален совет за превенција започнува со спроведување на кампањата „Безбедно при управување електричен тротинет“.Во оваа кампања покрај Општина Струмица ќе бидат вклучени СВР Струмица, основните и средните училишта, Родителски фронт и други организации кои имаат надлежност и можат да дадат свој придонес во зголемувањето на безбедноста при нивното управување.

Кампањата ќе се одвива во подолг временски период, во којшто ќе бидат вклучени ученици од сообраќајната струка од државното средно училиште „Никола Карев“. Ќе се врши едукација со поделување на едукативни флаери на клучни точки, пешачки премини и велосипедски патеки.

Со почетокот на новата учебна година, стручни служби од областа во сообраќајот од Општината заедно со стручните луѓе од „Никола Карев“ ќе вршат едукација во училиштата сѐ со цел за поголема безбедност при управувањето на електрични тротинети во сообраќајната мрежа на град Струмица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago