Македонија

Од денеска започнува електронското запишување на учениците во јавните средни училишта

Министерството за образование и наука потсетува дека денеска започнуваат уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавување како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk. 

Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од 12 до 15 јуни, а доставувањето на потребната документација до училиштата е на 16 и 17 јуни. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, училиштата треба да ја објават на 18 јуни.

Второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 23 јуни, додека доставувањето на потребната документација до училиштата е на 24 јуни. Третото пријавување е на 20 август. 

Конкурсот со слободните места и јавните средни училишта учениците можат да го најдат на следниот линк: https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi-mon/konkurs-za-zapisuvanje-ucenici-vo-javnite-sredni-ucilista-za-ucebnata-20262027-godina-vo-republika-severna-makedonija.

За учениците од голема помош при изборот, може да биде онлајн водичот за квалификации – https://kvalifikacii.crso.gov.mk/, кој ќе им овозможи да донесат информирана и правилна одлука за струката во која ќе продолжат да се едуцираат и понатаму да работат. 

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago